Свет
Милитантите преземаа контрола на уште еден град во јужен Јемен
Група исламистички милитанти за кои се претпоставува дека се поврзани со глобалната терористичка група Ал Каеда, во средата наутро заземала квартови од уште еден град во јужен Јемен, јавува Асошиетед прес.
Група исламистички милитанти за кои се претпоставува дека се поврзани со глобалната терористичка група Ал Каеда, во средата наутро заземала квартови од уште еден град во јужен Јемен, јавува Асошиетед прес. Според јеменските безбедносни служби, успехот на милитантите се должи на тоа што нападот го извршиле во раните утрински часови, кога навлегле во градот ал-Хауту, административниот центар на провинцијата Лахџ.Засега нема информации за загуби на владините сили или цивилни жртви.При крајот на мај, неколку стотици милитанти на Ал-Каида упаднаа во градот Зинджибар административниот центар на јужната провинција Абијан и ги протераа владините сили. По преземањето на градот, милитантите ги кренаа во воздух објектите на локалната управа и владини административни згради. Јеменската армија сé уште не може целосно да ја поврати контролата на Зинджибар, и покрај воздушните напади и артилериски оган при што според разузнавачки информации биле убиени десетици милитанти. Анти-владини демонстрации започнаа во Јемен во февруари. Според западните медиуми, во немирите во земјата загинаа неколку стотици луѓе. Во последните неколку седмици се интензивираат судирите на владините сили со исламистичките милитанти коишто се одмаздуваат за своите загинати соборци. Ситуацијата во Јемен е усложнета и поради отсуството на претседателот на земјата Али Абдула Салех, кој по атентатот врз него закрепнува во соседна Саудиска Арабија. Според информациите во локалните медиуми, Салех продолжува да ја контролира ситуацијата во Јемен благодарејќи на неговиот син Ахмед и други нему доверливи лица од државниот врв. Опозицијата, која ја бараа оставката на Салех, соопшти дека нема да му дозволи да се врати во земјата. Во Јемен дејствува ќелијата на меѓународната терористичка организација Ал Каеда, позната и како Ал Каеда во Арапскиот Полуостров, којашто според западните разузнавачки служби е една од најактивните милитантни групи во регионот и во светот. Во ноември 2010 година, нејзините лидери ја преземаа одговорноста за експлозивните направи пронајдени во американски карго-авион во Обединетите арапски емирати, и во поштенски пратки во близина на Лондон, како и еден магацин во Дубаи адресирани на неколку еврејски центри во САД./крај/ап/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.