Свет
Германците незадоволни од постапките на Владата во случајот Е.коли
Мнозинството Германци се незадоволни со постапката на нивната влада при избивањето на заразата со бактеријата Е.коли од која умреа 37 лица.
Мнозинството Германци се незадоволни со постапката на нивната влада при избивањето на заразата со бактеријата Е.коли од која умреа 37 лица. Во анкетата на агенцијата Форса, која испитала 1.003 лица, 58 отсто од испитаниците оцениле дека владиното решавање на кризата било незадоволително или лошо. Само 31 отсто од испитаниците биле задоволни со владината политика на информирање за време на епидемијата, покажува анкетата што ја објави весникот „Стерн“. Од типот на бактеријата Е.коли што се појави во Германија заболеа 3.200 луѓе, а кај четвртина од заболените се појавија компликации кои се нарекуваат хемолитичко-уремиски синдром, а кој ја погодува крвта, бубрезите и нервниот систем. Испитувањето на јавното мислење спроведено на 8 и 9 јуни покажа и дека 58 отсто од испитаниците за време на епидемијата избегнувале одреден зеленчук. /крај/рој/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.
Свет
Повеќе од 130 лица беа приведени во Њујорк по антиизраелските студентски демонстрации
Повеќе од 130 лица се приведени во текот на ноќта во Њујорк пред просториите на Универзитетот NYU, по пропалестинските студентски демонстрации, соопшти вечерва полицијата.
Њујоршката полиција за Франс прес прецизира дека сите приведени лица, од кои точно 133, потоа биле ослободени.
Полицијата додаде дека добила покана од администрацијата на Универзитетот во Њујорк да интервенира и да ги евакуира демонстрантите.
„Доколку одбијат да заминат, бараме од NYPD да преземе мерки, вклучително и апсење доколку е потребно“, се вели во писмото на Универзитетот до полицијата.
Студентите во САД во последниве денови организираа демонстрации и митинзи за ставање крај на војната во Појасот Газа.
Околу 100 пропалестински студенти веќе беа уапсени минатата недела на Универзитетот Колумбија, исто така во Њујорк. И во тој случај управата на универзитетот побарала интервенција на полицијата.
Неколку јавни личности, вклучително и претставници на американскиот Конгрес, оценија дека тие студентски собири поттикнуваат антисемитизам.