Свет
Уапсено лице осомничено за носење експлозив во близина на Пентагон
Едно лице кое е осомничено дека во ранец носел материјали за правење бомба и пропагандна литература на Ал Каеда е уапсено во петокот на Националните гробишта Арлингтон, недалеку од зградата на Пентагон.
Едно лице кое е осомничено дека во ранец носел материјали за правење бомба и пропагандна литература на Ал Каеда е уапсено во петокот на Националните гробишта Арлингтон, недалеку од зградата на Пентагон.Како што пренесува американската телевизиска мрежа ABC, Федералното истражно биро (ФБИ), откако апсењето на сомнителното лице близу Пентагон во периодот на утринскиот сообраќаен шпиц утрово предизвикало аларм за опасност од бомба, утврдило дека материјалот бил безопасен, Специјалната агентка за борба против тероризмот на ФБИ, Бренда Хек , изјавила дека „немало експлозивна направа а за производите кои се најдени е утврдено дека се безопасни“. Таа додала дека содржината на ранецот се’ уште се анализира.Извори на ABC News изјавиле дека постојат сомнежи дека ранецот содржел амониум нитрат и потрошена муниција за автоматско оружје. Агентката Хек додала дека ФБИ верува дека лицето дејствувало само. За телевизијата два полициски извора дека осомничениот бил идентификуван како 22-годишен маж по име Јонатан Мелаку од градот Александрија во сојузната американска држава Вирџинија.Во неговиот бележник биле најдени белешки од предавања по финансии, но биле најдени и зборови како „Ал Каеда“, „Талибаните се закон“, „Муџахедини“ и „поразените коалициски сили“. Мелаку наводно во полицијата рекол дека имало и други „направи“ во областа и покажал на местото на кое било оставено едно возило. Тоа возило исто така се истражува, а телевизијата дознава дека станува збор за црвен „нисан“ произведен во 2011 година. Во него наводно има материјал кој полицијата го истражува дали станува збор за бомба или за друг вид оружје. Како што наведува ABC News, полицискиот портпарол дека сомнителната направа била неутрализирана. Сообраќајниците околу Пентагон се затворени во петокот наутро по локално време, а полицијата соопшти дека трага по уште две лица за кои постојат сомневања дека би можеле да бидат инволвирани во инцидентот./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето на три лица во БиХ кои на Тикток објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Свет
Голем руски ракетен напад врз украинските централи, штетата е голема
Русија ги нападна термоцентралите и хидроцентралите во централна и западна Украина со проектили и беспилотни летала, во уште еден од серијата напади врз веќе оштетената енергетска инфраструктура, објави електроенергетскиот оператор „Укренерго“.
„Во масовен и комбиниран напад, руските сили повторно ги гаѓаа енергетските објекти во текот на ноќта“, објави Укренерго на Телеграм. Оштетени се термоцентралите и хидроцентралите во централниот и западниот регион“, додава операторот.
Според локалните власти и министерот за енергетика Герман Гелушенко, нападнати биле енергетските објекти во областа Камиаске во близина на градот Днепро и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Објектите за производство на електрична енергија беа нападнати со беспилотни летала и проектили“, рече Гелушенко.
Најголемата приватна енергетска компанија ДТЕК потврди дека биле нападнати три нејзини термоцентрали. Дистрибутерот на електрична енергија оваа недела објави дека ДТЕК изгубил околу половина од својот производствен капацитет.
Украинската армија објави дека соборила 58 од 60 лансирани руски беспилотни летала и 26 од 39 проектили.
Регион
Два силни земјотреси го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9 часот и 12 минути на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува Катимерини.
Двата земјотреси беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија Ефтимис Лекас на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, додека директорот на Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас рече дека причината што не е причинета материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.