Свет
Сириски оклопни единици влегоа во пограничен град со Турција
Tешки оклопни единици на сириската армија навлегоа во гратчето Бдама во рионот на градот Џиср ал–Шугур на два километра од границата со Турција, пренесува во саботата Reuters повикувајќи се на локален адвокат именуван како Сариа Хамуда.
„Тие влегоа во Вдама во 7 часот (6 часот по македонско време). Успеваме да изброиме девет тенкови, десет оклопни возила, 20 џипови и десетици автобуси. Војниците отворија оган врз две куќи“, го цитира агенцијата адвокатот Сариа Хамуда.Изминатата седмица вооружени милитанти го зазедоа градот Џиср ал-Шугурсо 50 илјади жители, при што загинаа повеќе од 120 припадници на сириската полиција на на армиските сили, но Сирија успеа да ја врати контролата на градот.Турската Црвена полумесечина во петокот наведе дека на нејзина територија има регистрирано повеќе од седум илјади бегалци од соседна Сирија, додека во саботата претставници на Обединетите нации проценија дека оваа бројка изнесува 8.500 цивили кои биле принудени да се засолнат во соседна Турција, каде што се сместени во шаторски кампови по должината на границата.Како што е наведено од страна на претставници на сириската воена команда, во моментов разделените единици на армијата и на полициските безбедносни сили продолжуваат да ги гонат, уништуваат или заробуваат милитантите во областите во близина на џуср ал-Шугур, „овозможувајќи му на локалното население да се врати во своите домови, кои го оставија за да се спасат од смрт, од вандализмот и заплашувањата од страна на вооружените терористички групи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.
Свет
Стопирани сите летови на „Алјаска ерлајнс“ во САД
Американската федерална управа за авијација (ФАА) денеска издаде препорака за стопирање на летовите на „Алјаска ерлајнс“, пишува „Ројтерс“.
Не е наведена причината за приземјувањето.
„Си-ен-би-ес“ објави дека системот на авиокомпанијата што се користи за сметање на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.
Алјаска ерлајнс и ФАА не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа „Икс“, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионот.
Свет
Нетанјаху им порача на Велика Британија и на Германија: Израел сам ќе донесе свои одлуки
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сам ќе донесе одлуки.
„Сите тие имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки, а израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, рече Нетанјаху по состанокот со британските министри за надворешни работи и Германија, пишува Гардијан.
Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Камерон изјави дека дошол на состанокот за да се солидаризира со Израел, но и дека се надева дека неговиот одговор на иранскиот напад ќе биде „паметен и што е можно поограничен“, пренесе Би-Би-Си.