Контакт

Свет

Убиени 12 членови на Ал Каеда на југот на Јемен

Објавено пред

Дванаесет членови на Ал Каеда и двајца војници загинаа за време на борбите во местото Зинѓибар на југот на Јемен, наведе денеска еден јеменски офицер.

Дванаесет членови на Ал Каеда и двајца војници загинаа за време на борбите во местото Зинѓибар на југот на Јемен, наведе денеска еден јеменски офицер. Според него, 12 членови на група поврзана со Ал Каеда загинале, а тројца се повредени при ноќешното бомбардирање на нивните позиции од страна на војската. Војската отворила оган врз групата во моментот кога се обидувала да постави експлозивни направи на една од главните улици во градот, додаде истиот офицер. По двочасовното бомбардирање, вооружените терористи нападнале воена касарна, при што убиле двајца војници, а тројца биле ранети. Стотина припадници на Ал Каеда на 29. мај ја презедоа контролата во Зинѓибар, град што се наоѓа источно од Аден. Од тогаш во борбите со војската загинале 150 лица, меѓу нив и 80 војници. Покрај борбите со Ал Каеда, во Јемен во февруари започнаа мирни протести со кои се бараше заминување на претседателот Али Абдулах Салех. Протестите подоцна ескалираа и претседателот Салех беше ранет во ракетен напад на претседателската палата на почетокот на јуни, по што беше префрлен во Саудиска Арабија на лекување. Сојузниците на Салех тврдат дека тој во следните неколку дена ќе се врати во земјата, додека повеќе од 100 влијателни верски и племенски водачи побараа тој да биде соборен од власт и да се организираат избори за нов претседател. /крај/афп/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Објавено пред

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во Црна Гора беа испратени на анализа во Германија, Црна Гора стана земја со најмногу активни случаи по глава на жител во регионот, пишуваат црногорските медиуми.

Резултатите покажале дека 475 од тестовите се позитивни. Кога на нив ќе им се додадат 66 позитивни случаи потврдени во последните 24 часа во црногорските лаборатории се добива број од 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100.000 жители.

Црногорските медиуми пренесуваат дека во Македонија активни се 167 случаи на 100.000 жители, во БиХ 109, Албанија 52, во Хрватска 28 и во Словенија 13. Во Србија активни се 66 случаи на 100.000 жители, но во оваа земја се пресметува бројот на хоспитализирани пациенти заболени од коронавирус.

Челникот на националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ, рекол дека, сепак, нема да дојде до драстични мерки, како оние од првиот бран, кога имаше полициски час.

Во првиот бран, во Црна Гора имаше 324 заболени или скоро пет пати помалку од вториот бран кој почна кон средината на јуни. Претходно, Црна Гора се прогласи за прва „корона фри“ држава во Европа и прогласи крај на епидемијата по што ги отвори границите.

Во првиот бран починале девет, а во вториот бран 16 заболени од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ ќе испрати 200 медицински лица во Србија

Објавено пред

Српската Влада, делагацијата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС) ќе потпишат договор за ангажирање на околу 200 здравствени работници.

Како што јавуваат српските медиуми, тие ќе помогнат во борбата против епидемијата на коронавирус.

Министерството за европски интеграции соопшти дека ангажирањето на здравствените работници ќе биде овозможено со средства на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

До 2027 „Хуавеј“ мора да ја отстрани целата опрема за 5Г мрежа во Велика Британија

Објавено пред

Британската влада им забрани на домашните телекомуникациски оператори да купуваат антени и опрема за 5Г мрежа произведена од кинеската компанија „Хуавеј“, пренесе „Би-би-си“.

Одлуката важи од 31 декември натаму, а покрај тоа, операторите мора да ја отстранат целата опрема на оваа кинеска компанија од нивните мрежи до 2027 година.

Секретарот за дигитални работи, Оливер Дауден, денеска ја објави одлуката во британскиот парламент.

Минатата година САД воведоа санкции кон „Хуавеј“, тврдејќи дека компанијата претставува закана за националната безбедност, што пак кинеската компанија децидно го негира.

Дауден рече дека одлуката ќе го забави воведувањето на 5Г мрежата за околу една година.

„Оваа одлука не беше лесна, но е најсоодветна за нашите мрежи и за националната безбедност и економијата, сега, но исто така и на долг рок“, нагласи тој.

Со ова, британската влада на крајот сепак одлучи да се дистанцира од „Хуавеј“ како производител на мрежната опрема за 5Г во таа земја.

Дауден исто така објасни дека крајниот рок за отстранување е поставен до 2027 година затоа што земјата не сака да се потпира само на „Нокија“ како единствен производител на опрема.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион40 минути

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија2 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија2 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија3 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија10 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет12 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија17 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија18 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија18 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија20 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ22 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија22 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија23 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија24 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет1 ден

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа1 ден

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион1 ден

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија2 дена

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Досие