Контакт

Свет

Полицијата зазема дива населба во Рио

Објавено пред

Повеќе стотици полицајци и војници поддржани од хеликоптери денеска без истрелан куршум ја презедоа контролата врз дивата населба Мангеира во Рио Де Женеиро, што ја држеа наркокартелите, пренесуваат агенциите.

Повеќе стотици полицајци и војници поддржани од хеликоптери денеска без истрелан куршум ја презедоа контролата врз дивата населба Мангеира во Рио Де Женеиро, што ја држеа наркокартелите, пренесуваат агенциите. Властите на државата Рио, една од бразилските држави со најмногу насилство, во 2008. година започнаа операција на чистење на градот од криминалот, за да биде подготвен за светското првенство во фудбал во 2014. година и за Олимпијадата во 2016. година. Со преземањето на контролата врз Мангеира ќе се затвори „безбедносниот прстен“ околу стадионот Маракана, каде што ќе се игра финалето на Светското првенство. /крај/афп/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Објавено пред

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на повеќе од 10 луѓе на јавни места, пренесуваат српските медиуми.

Незадоволни од политичката и епидемиолошката ситуација во земјсата, граѓаните излегоа на улиците во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Лесковац, Пирот, Врање.

По 20.30 часот избија судири меѓу десничарите, припадниците на „Левијатан“ и „Образ“. Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата, која пак се обиде со солзавец да ги растера.

Демонстрантите кршат прозори и врати на Собранието, ја пробија заштитната ограда и се качија на собраниските скали, а потоа се обидеа да упаднат во зградата на Народното собрание. Запалија и факли. Полициски кордон е распореден по целиот град.

Како што пренесуваат српските медиуми, демонстрант со маска пред Собранието нападнал новинар на Н1.

Според информациите, уапсен е демонстрант кој на протестот пред Собраниската зграда, по караница со нож прободел 32-годишен маж.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Објавено пред

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола, иако бројот на случаи е повеќе од двојно зголемен во последните шест недели.

„Постојат бројни примери во целиот свет кои покажуваат дека иако епидемијата е многу интензивна и натаму може да се стави под контрола“, изјавил пред новинарите генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус, наведувајќи ги како пример Шпанија, Италија и Јужна Кореја.

„Само со агресивно однесување заедно со национално единство и светска солидарност може да го промениме патот на пандемијата“, порачал Гебрејесус.

Тој го повторил значењето на детекцијата на заразени, следење на изолационите контакти на пациентите за да се пробие синџирот на пренесување на инфекцијата.

Во пандемијата починаа над 550.000 луѓе во светот од кога канцеларијата на СЗО во Кина ја пријави болеста кон крајот на декември минатата година.

Прикажи повеќе...

Свет

Патолозите пронашле згрутчување на крв во речиси секој орган кај починат од Ковид-19

Објавено пред

Аутопсијата на луѓето кои починале од коронавирус им помага на лекарите подобро да разберат како Ковид-19 влијае на телото и организмот. Едно од најголемите откритија досега се крвите згрутчувања во органите на починатите пациенти, пренесува Си-ен-ен.

Докторката Ејми Рапкивиц, главен патолог во Медицинскиот центар „Лангон“ во Њујорк, во интервју за Си-ен-ен објаснува зошто ова откритие е многу важно за разбирањето на Ковид-19.

Некои пациенти со Ковид-19 имале проблеми со крвни згрутчувања, а нивото и опсегот до кој тие проблеми се случувале е многу драматичен, опишува Рапкивиц. Во раната фаза на пандемијата лекарите забележале голем број крвни згрутчувања во разни крвни садови.

„ Она што го видовме на обдукцијата беше на некој начин продолжение на тој проблем. Згрутчувања немаше само во големите крвни садови, туку и во малите. Тоа беше драматично, бидејќи иако тоа го очекувавме во белите дробови, најдовме крвни згрутчувања во речиси секој орган кој го погледнавме во нашето обдукциско истражување“, објаснува докторката.

Студијата на Рапкивиц, во која се наведени нејзините откритија, е објавена кон крајот на јуни во магазинот „Лансет ЕКлиникал Медисин“.

Аутопсиите исто така покажале нешто необично за мегакариоцитите или големи клетки на коскената срцевина. Тие обично не циркулираат надвор од коските и белите дробови, додава Рапкивиц.

„Ги пронајдовме во срцето и бубрезите, џигерот и другите органи. Во значаен број во срцето, мегакариоцитите создаваат тромбоцити кои учествуваат во згрутчувањето на крвта“, вели докторката.

Според неа, една од можностите што ги  имале патолозите е тоа што ги прегледувале органите на многу жртви на Ковид-19 и истражувањето на болестите кои се случувале. Таква можност немале кај Х1Н1 или вирусот САРС.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет10 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион12 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија14 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија15 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија15 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија16 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија16 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија17 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет18 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ18 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ18 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион19 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија20 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет21 час

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија22 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија22 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија22 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија1 ден

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија1 ден

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Досие