Контакт

Свет

Масовни протести во поголемите градови во Шпанија

Објавено пред

Масовни протести се одржаа денеска во неколку големи градови во Шпанија, на кои учесниците бараа намалување на невработеноста, подобрување на економската ситуација и оставка на некои политичари, јавува Асошиетед прес.

Масовни протести се одржаа денеска  во неколку големи градови во Шпанија, на кои учесниците бараа намалување на невработеноста,  подобрување на економската ситуација и оставка на некои политичари, јавува Асошиетед прес.Масовни протести на кои учесниците се главно млади луѓе (невработеноста меѓу Шпанците меѓу 16 и 29-годишна возраст изнесува речиси 35 отсто), се одржуваат од 15-ти мај. Илјадници луѓе поставуваат кампови од шатори на централните плоштади на шпанските градови. Тие истакнаа три главни барања: отворање работни места, решавање на проблемот со станбениот простор и реформа на изборниот закон.На демонстрациите во неделата земаа масовно учество и невработени и вработени од речиси сите возрасни групи. Најмасовни беа протестите во главниот град Мадрид и во Барселона, Валенсија, Севиља и другите големи градови.По петокот кога шпанската полиција ги растера демонстрантите во Барселона, најмалку 14 луѓе беа повредени. Додека во неделата полицијата не интервенирала на ниеден од протестите. Шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро изјави дека протестите треба да бидат мирни.„Еден од принципите на демократијата е мирното остварување на своите  права“, рече Запатеро во пресрет на протестите.За речиси две години економска рецесија, невработеноста во Шпанија е двојно зголемена и достигна 21,3 проценти, што е најлош показател меѓу земјите на еврозоната./крај/ап/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија: Стотици раселени, има загинати и исчезнати

Објавено пред

Најмалку 16 лица загинаа, а стотици други се раселени од нивните домови поради лизгање на земјиштето и поплавите што го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите сè уште трагаат по 23 исчезнати лица во поплавите што го погодија Северен Лубу, област во провинцијата Јужен Сулавеси, изјави Радитја Џати, портпарол на агенцијата.

На снимките од теренот се гледаат оштетените куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така покриена со кал и остатоци од отпад, пренесува АП.

За неколку дена, поради обилните дождови, се излија три околни реки, што предизвика евакуација на повеќе од 650 лица, соопштија локалните власти.

Прикажи повеќе...

Европа

Стотици полицајци спроведуваат рации во Берлин

Објавено пред

Германската полиција изврши рација во 20 куќи и компании во Берлин, поради сомнение за поврзаност со исламски тероризам.

Во рацијата биле ангажирани околу 450 припадници на полицијата, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Берлинското обвинителство објави на „Твитер“ дека се издадени 20 налози за претрес на 12 осомничени кои припаѓаат на исламистички групи и се осомничени за разни злосторства, вклучително и финансирање на тероризам.

Прикажи повеќе...

Свет

Америка го укина посебниот економски статус за Хонгконг

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна одредба со која се укинува преференцијалниот економски третман за Хонгконг, откако Кина воведе нов закон за безбедност во таа област.

„Хонгконг ќе се третира како Кина во иднина, нема да има извоз на американска технологија“, рече Трамп на прес-конференција.

Тоа значи дека компаниите со седиште во Хонгконг ќе мора да преиспитаат што ќе значи оваа одлука за нивниот бизнис.

„Нема посебни привилегии, нема посебен економски третман и извоз на специјални технологии“, рече претседателот на САД, кој најави ваков потег за првпат во мај, пренесува Би-би-си.

Трамп исто така потпиша закон за воведување санкции на кинеските службеници кои, како што тврди, ги кршат правата во Хонгконг, а Кина најави одговор.

Од друга страна, законот за автономија на Хонгконг, кој беше едногласно усвоен од Конгресот претходно оваа недела и беше потпишан денеска, ѝ дава на американската администрација моќни нови алатки за повикување на одговорност на оние кои ги кршат човековите права.

Во соопштението, кинеското Министерство за надворешни работи ги осуди најновите потези на САД, повикувајќи го Вашингтон да престане да се меша во внатрешните работи на Кина.

„Кина ќе ги преземе неопходните мерки за да ги заштити своите легитимни интереси“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

ДИК: До 9 часот гласале 94.167 граѓани

Во првите два часа од гласањето на десеттите по рад парламентарни избори на гласање излегле 5,19 отсто од запишаните гласачи...

Македонија2 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион2 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија3 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија4 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија4 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија11 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет13 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија19 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија20 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија20 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија21 час

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ23 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија24 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија1 ден

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија1 ден

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет1 ден

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа1 ден

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион1 ден

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Досие