Контакт

Свет

Се обединија хакерите од Anonymous и LulzSec, најавуваа апокалипса

Објавено пред

Две од најголемите и најпопуларни хакерски групи во светот Anonymous и Lulz Security, објавија дека ќе се обединат за да извршат најмасовната акција против светските влади

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија хакерите, целта на нивната операција „Operation Anti-Security“ (Операција анти-безбедност) е кражба на сите чувствителни информации од различни влади во светот. „Ќе ја споиме секоја возможна група, мала или голема, да отвори оган врз секоја влада или агенција, којашто ќе ни се испречи на патот“, се наведува во соопштението на Lulz Security што го цитираа светските агенции.„Навистина сакаме да го видиме зборот AntiSec на секоја од владините интернет страници, нешто како пишување графити. Распространувајте го зборот AntiSec на долго и широко, зашто тој се помни. За да се случи тоа се обединуваме со Anonymous и сите други групи“, се додава во соопштението. Lulz Security стои зад неколку од најголемите хакерски напади извршени последните седмици, меѓу кои беа и нападите врз серверите на Nintendo, како и партнерската организација на американското ФБИ – InfraGard. Организацијата ја презема одговорноста и за „туркањето“ на интернет страницата на американскиот Сенат, што го сторила „само за загревање“.Според твитот на официјалниот профил на хакерската група „сега е време за анархија“. Главен приоритет на хакерите ќе биде кражбата на класифицирани владини информации и преписки. „Основна цели се банките и другите организации од тој ранг. Ако сакаат да го цензурираат нашето напредување, ние ќе ја спречиме цензурата со оружен оган“, се наведува во соопштението на Lulz Security.Група хакери кои себеси се нарекуваат Lulz Security или Lulz Boat продолжи во понеделникот  минатата седмица  со серијата силни „хакнувања“ а на својата интернет страница објави за успешен напад врз внатрешната мрежа на американскиот Сенат.„Здраво пријатели! Не сме и’ многу мили на американската влада. Нивните бродови се слаби, нивните шеги не се смешни, но и нивните интернет страници не се многу сигурни“„ се вели во соопштението на сајберхулиганите, по што следува долг список на датотеки наводно украдени од серверите на Горниот дом на Конгресот на САД.„Ова е мало, направено за објавување на дел од внатрешните податоци од (страницатат) Senate.gov“, предупредуваат од Lulz Sec..Експерти за компјутерска безбедност за Reuters потврдија дека хакерите навистина ја пробиле внатрешната мрежа на Сенатот, но не можеат да кажат дали објавените со јавен пристап фајлови се класифицирани како „строго доверливи“.Претставникот на парламентарните служби одговорни за безбедноста на американскиот Конгрес, рече дека неговата служба ќе го испита инцидентот.При крајот на мај, истата група хакери, незадоволни од документарниот филм за активностите на Wikileaks, прикажан од американската телекомпанија Public Broadcasting Service (PBS), ја хакираа интернет страницата и на неа поставија материјал од починатиот рапер Тупак Шакур, кој наводно се’ уште живее во Нов Зеланд.Покрај прилог за Тупак, хакерите на интернет страницата на телевизиксата компанија поставиле и украдени лозинки и други сопственички информации од PBS. Неколку дена подоцна, од Lulz Sec. соопштија за кражбаат на податоци за милион корисници на интернет  сервисот PlayStation Network, во сопственост на електронски гигант Sony..На 25-ти мај беше објавено за  хакерскиот напад врз интернет страницата на Sony Ericsson кој резултираше со истекување на личните податоци на околу две илјади клиенти. Според експертите, нападот врз страницата на јапонско-шведската компанија Sony Ericsson првенствено бил насочен кој јапонскиот Sony. Неодамна во целиот свет беше изведен бран од сајбер напади а само последните неколку дена од мај стана познато дека се компромитирани четири интернет ресурси на Sony.При последниот напад неидентификувани лица успеале да добијат неовластен пристап до базата со податоци која содржи информации за регистрирани корисници на канадската онлајн продавница на Sony Ericsson eShop.Како што објави интернет страницата The Hacker News, по влезот хакерите на интернет објавиле фајл со имиња, адреси на електронската пошта и лозинки (лозинките на корисниците не се дадени откриено, туку се трансформираат преку хеш-функцијата).Како што пишуваше Cnet, хакерите ја нападнале интернет страниците на јапонската, грчката и индонезиската подружница на  Sony Music Entertainment. При хакирањето на грчката страница истекле лични податоци на повеќе од осум илјади корисници. Листата на компромитиран лични информации вклучува имиња и лозинки, телефонски броеви и адреси од електронска пошта.Според податоците на The Hacker News , нападите врз Sony Ericsson и Sony Music Entertainment биле технички слични, спроведени со помош на ткн SQL-инјекција. Овој метод овозможува со помош на специјално подготвен пребарувач на серверот да се добие  пристап до системот ист каков што имаат администраторите во однос на просечниот корисник.Околу 18-ти мај интернет страницата на тајландската филијала на Sony, една од страниците на ресурсот, беше заменета од страна на непознати лица, најверојатно со цел да се измамат банкарски податоци на посетителите на ресурсот. Покрај тоа, исто така кон средината на минатиот месец, хакери успеале да ги турнат ресурсите на јапонски интернет провајдер So-net, во сопственост на корпорацијата Sony.Серијата напади против Sony започна во април, кога хакерската група Anonymous извесен период извади од функција неколку веб сајтови на корпорацијата. Скорешниот потоа напад на забавните сервиси Sony PlayStation Network, Qriocity и Sony Online Entertainment беше причината за истекување на личните податоци на повеќе од 100 милиони корисници. Како што очекува корпорацијата, загубата поради хакерскиот напад би можела да изнесува повеќе од 170 милиони долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Бајден тајно и го испрати на Украина најмоќното оружје досега, тие веќе жестоко ги нападнаа Русите

Објавено пред

Соединетите држави тајно испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина минатата недела, а украинските сили веднаш го искористија оружјето за да нападнат руски воен аеродром на Крим минатата среда и руски војници во југоисточниот дел на земјата во текот на ноќта во вторникот, изјави американски официјален претставник за „Њујорк Тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Соединетите Американски Држави претходно и доставија на Украина верзија на овој тактички ракетен систем – познат како ATACMS – кој може да носи касетна муниција до растојание од 160 километри.

Но, Украина долго време копнееше за верзија на системот со подолг дострел, со домет од околу 450 километри, кој може да достигне подлабоко во окупирана Украина, вклучувајќи го и Крим, центарот на руските воздушни и копнени сили и центрите за снабдување на силите на Москва во југоисточниот дел на земјата.

Во текот на ноќта во вторникот, Украина употреби ракети со поголем дострел за да ги нападне руските војници во пристанишниот град Бердјанск на Азовското Море, изјави висок американски претставник.

Минатата среда, профилите на социјалните мрежи во Украина објавија големи пожари и експлозии на воениот аеродром во Џанкој, Крим, за кој висок американски функционер рече дека исто така бил цел на ATACMS.

Во говорот таа вечер, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на генералот Олександр Сирски, главниот командант на Украина, но не кажа повеќе за нападот.

Американскиот претседател Бајден тајно ја одобри одлуката за испраќање повеќе од 100 ракети со поголем дострел во средината на февруари, изјави висок функционер, како и повеќе варијанти на касетна муниција. Тие беа дел од испораката на оружје за Украина во март вредна 300 милиони долари.

Бајден долго време одбиваше да испраќа ракети со поголем дострел поради неколку причини, рече официјалниот претставник. Прво, американската војска одлучи да го намали бројот на проектили што ги продава на трети земји, намалувајќи ја загриженоста на Пентагон за можниот недостиг. Зголемената употреба на балистички ракети од страна на Русија и зголемените напади врз клучната инфраструктура, исто така, ја поттикна Украина поагресивно да бара оружје што би можело да помогне во спротивставувањето на овие закани.

Првите напади со новите ракети имаа разорни последици, пишува NYT. Видеата објавени од жителите на социјалните мрежи минатата среда ги покажуваат пожарите што избувнаа по нападот. Четири часа по нападот, Crimean Wind, група која ги следи објавите на локалните социјални мрежи, извести дека погодената руска муниција сè уште експлодира. Тие рекоа дека се разнесени прозорците на куќите во близина на аеродромот.

Подоцна, Генералштабот на Украина објави снимка од ракетниот напад со детали за нападот на украинските безбедносни претставници – четири ракетни системи земја-воздух С-400, три радарски станици, командно место за воздушна одбрана и систем за команда и контрола на одбраната на Крим.

Прикажи повеќе...

Свет

Сандерс: Израел има за цел да ги елиминира Палестинците, а не Хамас

Објавено пред

Американскиот сенатор Берни Сандерс рече дека она што Израел го прави во Појасот Газа повеќе не е војна против Исламското движење на отпорот Хамас, туку елиминација на животното ткиво на Палестинците.

dobivaj vesti na viber

Во говорот пред Конгресот за одобрување на странска помош, вклучително и безбедносна помош за Израел, Сандерс додаде дека она што се случува во Појасот Газа не е несреќа или воена грешка, туку пресметана политика која систематски се спроведува шест месеци.

Тој посочи дека е невозможно да се погледнат сите овие факти и да не се заклучи дека политиката на израелската влада е насочена да го направи Појасот Газа неподобен за живот, а тоа всушност и се случува.

Американскиот сенатор го критикуваше и американското соучесништво во војната во Појасот Газа и рече дека војната во Газа се гледа како израелско-американска војна.

Тој објасни дека „поголемиот дел од бомбите и воената опрема што ги користи Израел во војната во Појасот Газа ги обезбедува нашата земја со парите на американските даночни обврзници“.

Тој посочи дека САД и даваат милијарди долари на владата на Бенјамин Нетанјаху, која ги затвора границите на Појасот Газа и спречува храна и медицински материјали да стигнат до оние на кои им е потребна.

Сандерс рече дека Израел систематски го уништувал здравствениот систем во Појасот Газа, а од вкупно 37 болници уништил 26 од нив, кои се целосно вон функција, додека останатите само делумно работат.

Сандерс, независен член на Сенатот, рече дека ќе воведе законски амандмани за намалување на милијардите од воената помош за Израел, нагласувајќи дека САД не можат да продолжат да ја финансираат оваа „страшна војна“ во Појасот Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.

Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.

Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8. мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 минути

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија10 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија11 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија12 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија12 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија13 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија14 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија14 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија15 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија15 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија15 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија16 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија16 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија16 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија17 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија17 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија18 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...