Свет
Загинатите руски нуклеарни експерти помагале во програмата на Иран
Петмината руски нуклеарни експерти, кои загинаа во авионската несреќа во северна Русија во вторникот помагале во дизајнирањето на една од иранските нуклеарни постројки, објавува израелскиот весник Haaretz, повикувајќи се на руски безбедносни извори
Групата експерти, составена од врвните дизајнери во оваа област Сергеј Рижов, Генадиј Банок, Николај Трунов и врвниот руски експерт за нуклеарна технологија, Андреј Трофимов, работеле на иранската нуклеарна постројка Бушер, откако изградбата на истата Русите ја преземаа од германската компанија SiemensЕкспертите биле вработени фабриката „Хидропрес“, која е дел од руската државна корпорација за нуклеарна технологија „Росатом“ и еден од главните претприемачи за изградбата на Бушер. Тие биле задолжени да ја комплетираат изградбата на постројката и да се осигураат дека ќе може да преживее силен земјотрес. Според изворите од руските безбедносни агенции, на кои се повикува весникот, загубата на експертите е голем удар за руската нуклеарна индустрија. Изворите велат и дека, иако иранските нуклеарни научници и претходно биле дел од необјаснети инциденти и авионски несреќи, сепак, официјално, државата не се сомнева дека се работи за наместен случај. Истрагата како причина за несреќата крај северниот руски град Петрозаводск, во која загинаа 44 патници, наведува човечка грешка или технички недостатоциРано утрото во вторник во авион од типот „Туполев 134“ на руската авио-компанија „РусЕр“ кој полетал од руската престолнина Москва се урна близу аеродромот „Бесовец“ близу Петрозаводск каде што требаше да слета. Од вкупно 52 патници и членови на екипажот, загинаа 44 лица, меѓу кои и седум деца.На списокот на загинатите што набрзо по несреќата го објави руското министерство за итни состојби, се и директорот и генерален конструктор на атомската компанија „Гидропрес“, Сергеј Рижков, главниот конструктор на компанијата Николај Трунов и заменикот директор Николај Банок. Исто така, во несреќата животот го загубија и началникот на управата на „Атоменергомаш“, Валериј Лјалин и главниот технолог на ОКБМ, Андреј Трофимов. Според изворот на агенцијата, сите тие патувале на состанокот кој требало да се одржи денеска во локалната компанија „Петрозаводсмаш“.Компанијата „Гидорпрес“ (Hydropress) којашто влегува со составот на нуклеарниот холдинг „Атоменергопром“е основана 28 Јануари 1946 година. Последните години оваа компанија врши комплексни инженерски, компјутерската и теоретски, експериментални – истражување и производство на реактори за нуклеарни централи.Компанијата „Атоменергомаш“е основана во 2006 година во рамките на руската државна корпорација „Росатом“. Холдинг компанијата вклучува повеќе од 20 електроенергетски инженеринг компании, вклучувајќи и шест производствени погони, истражувачки институти, инженеринг, компании за изградба и инсталација.Отвореното акционерско друштво „Експериментално конструкторско биро за машински системи“ во рамките на државната корпорација „Росатом“ е најголемиот научно- истражувачки центар за производство на нуклеарно инженерство којшто располага со повеќе-профилни конструкторски тимови, сопствено истражување, експериментална и производствена база. Научните и индустриските потенцијали на компанијата и’ овозможија да врши целосна изградба на рани видови реакторски постројки и опрема за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.