Контакт

Свет

Беспилотно летало се урна врз реакторот 2 во Фукушима

Објавено пред

Беспилотното летало од типот Т- Хавк (T-Hawk) изгубило контрола и се урнало врз кровот на реакторот 2 од јапонската нуклеарка Фукушима.

Беспилотното летало од типот Т- Хавк (T-Hawk) изгубило контрола и се урнало врз кровот на реакторот 2 од јапонската нуклеарка Фукушима.Леталото се користело за воздушно надгледување на штетата што на нуклеарката ја направи земјотресот и цунамито. Од Тепко, компанија која управува со нуклеарната централа, изјавиле дека откако леталото паднало врз зградата, немало ниту чад ниту оган. Реакторот 2 е единствен што остана со покрив по експлозиите во реакторите 1,3 и 4. Тепко се уште се обидува да ги стави реакторите под контрола и да спречи истекување на високо озрачена вода. /крај/дн/мв



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Америка го укина посебниот економски статус за Хонгконг

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна одредба со која се укинува преференцијалниот економски третман за Хонгконг, откако Кина воведе нов закон за безбедност во таа област.

„Хонгконг ќе се третира како Кина во иднина, нема да има извоз на американска технологија“, рече Трамп на прес-конференција.

Тоа значи дека компаниите со седиште во Хонгконг ќе мора да преиспитаат што ќе значи оваа одлука за нивниот бизнис.

„Нема посебни привилегии, нема посебен економски третман и извоз на специјални технологии“, рече претседателот на САД, кој најави ваков потег за прв пат во мај, пренесува „Би-би-си“.

Трамп исто така потпиша закон за воведување санкции на кинеските службеници кои, како што тврди, ги кршат правата во Хонгконг, а Кина најави одговор.

Од друга страна, законот за автономија на Хонгконг, кој беше едногласно усвоен од Конгресот претходно оваа недела и беше потпишан денес, и дава на американската администрација моќни нови алатки за повикување на одговорност на оние кои ги кршат човековите права.

Во соопштението, кинеското Министерство за надворешни работи ги осуди најновите потези на САД, повикувајќи го Вашингтон да престане да се меша во внатрешните работи на Кина.

„Кина ќе ги преземе неопходните мерки за да ги заштити своите легитимни интереси“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Европа

Два воза се судрија во близина на Прага, повеќе од 60 повредени

Објавено пред

Повеќе од 60 лица се повредени во судир меѓу патнички и товарен воз кај Прага.

Повредените биле пренесени во блиската болница, каде што биле згрижени.

Според првите информации, патничкиот воз налетал на воз за поштенски услуги што стоел на станицата Чески Брод, на 30 километри од Прага, пишуваат светските медиуми.

Поради несреќата, железничкиот сообраќај е во прекин на таа многу фреквентна линија.

Чешкиот министер за транспорт, Карел Хавличек, веднаш отишол на местото на несреќата.

Информацијата дека е загинат еден од машиновозачите не е официјално потврдена.

Истрагата за причината за несреќата е во тек.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Објавено пред

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во Црна Гора беа испратени на анализа во Германија, Црна Гора стана земја со најмногу активни случаи по глава на жител во регионот, пишуваат црногорските медиуми.

Резултатите покажале дека 475 од тестовите се позитивни. Кога на нив ќе им се додадат 66 позитивни случаи потврдени во последните 24 часа во црногорските лаборатории се добива број од 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100.000 жители.

Црногорските медиуми пренесуваат дека во Македонија активни се 167 случаи на 100.000 жители, во БиХ 109, Албанија 52, во Хрватска 28 и во Словенија 13. Во Србија активни се 66 случаи на 100.000 жители, но во оваа земја се пресметува бројот на хоспитализирани пациенти заболени од коронавирус.

Челникот на националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ, рекол дека, сепак, нема да дојде до драстични мерки, како оние од првиот бран, кога имаше полициски час.

Во првиот бран, во Црна Гора имаше 324 заболени или речиси пет пати помалку од вториот бран, кој почна кон средината на јуни. Претходно, Црна Гора се прогласи за прва „корона фри“ држава во Европа и прогласи крај на епидемијата по што ги отвори границите.

Во првиот бран починале девет, а во вториот бран 16 заболени од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

ДИК: До 9 часот гласале 94.167 граѓани

Во првите два часа од гласањето на десеттите по рeд парламентарни избори на гласање излегле пет отсто од запишаните гласачи...

Македонија40 минути

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион1 час

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија2 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија3 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија3 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија11 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет13 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија18 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија19 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија19 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија20 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ23 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија23 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија23 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија1 ден

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет1 ден

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа1 ден

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион1 ден

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Досие