Свет
Двајца Бразилци хоспитализирани под сомнение за Е.коли
Двајца жители на градот на Кампинас во бразилската сојузна држава Сао Паоло се хоспитализирани поради сомнение дека се заразени со опасната бактерија ешерихија коли од која досега починаа 43 луѓе, од кои 41 во Германија и две лица во Шведска
Според Секретаријатот за здравство на Сао Паоло.двајцата заболени непосредно пред приемот во болницата се вратиле од Германија каде што кај првиот била регистрирана опасната цревна инфекција. Врз пациентите беле направени потребните бактериолошки испитувања од резултатите ќе бидат познати во следните неколку дена.Бразилското министерство за здравство излезе со соопштение во кое бара патниците во Европа и САД, како мерка на претпазливост да се воздржат од јадење суров зеленчук и производи од животинско потекло. Според властите, во оваа фаза е исклучена појава на заразата во Бразил.Појавата на цревната инфекција првично беше регистрирана во северниот дел на Германија. ПРвично се претпоставуваче дека причинител за појавата на опасната бактерија се краставици од Шпанија, но оваа претпоставка не беше потврдена. Потоа експертите соопштија дека изворот на инфекцијата може да биде фарма во Долна Саксонија, која ги снабдува пазарите во земјата со соја и друг зрнест зеленчук.Во почетокот на јуни, експертите на Европскиот центар за контрола на болести и превенција објавија дека причината за болеста е реткиот вирус на ешерихија коли припаѓа на серотиповите (варијација на подвидови бактерии или вируси) – 0104: H4. Мутираната бактерија поради што луѓе умираат во Германија, не беше претходно позната, а таа е отпорна на многу антибиотици.Бактеријата ешерихија коли е често присутна во стомакот на човекот и топлокрвните животни. Повеќето од нејзините видови се безопасни, но некои видови, како што EHEC, може да предизвика сериозни симптоми. Симптомите на болести предизвикани од EHEC се крвава дијареа, треска и повраќање. Повеќето пациенти се опоравуваат во рок од десет дена, но кај мал број пациенти (деца и постари лица), болеста може да земе тешка форма којашто може да го загрози животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.