Контакт

Свет

Казна од 300 години затвор му се заканува на поранешниот сенатор Благојевиќ

Објавено пред

Поротата на судот во Чикаго го прогласи виновен за корупција поранешниот американски сенатор Род Благојевиќ, него му се заканува затворска казна од 300 години, објавија американските медиуми.

Поротата на судот во Чикаго го прогласи виновен за корупција поранешниот американски сенатор Род Благојевиќ, него му се заканува затворска казна од 300 години, објавија американските медиуми. Поранешниот сенатор на Илиноис, Благојевиќ, беше обвинет за намерата да го продаде местото во сенатот на Барак Обама кога Обама стана претседател на САД. Судот процени дека Благојевиќ е виновен по 17 од вкупно 20-те точки од обвинението, со што би можел да добие затворска казна од 300 години, но медиумите шпекулираат дека тој ќе добие многу пократка казна. Благојевиќ е син на српски емигрант и прв гувернер од редовите на демократите во Илиноис од 1972 година. Кога ја слушнал пресудата бил видно вознемирен и го запрашал својот адвокат „што се случило?“. Потоа се свртел кон сопругата Пати и  рекол „Те сакам“. Благојевиќ беше уапсен во декември 2008 година, а во јануари 2009 година беше сменет од гувернерската позиција во државата Илиноис, на одвоено гласање му беше доживотно забрането да обавува јавни функции во Илиноис.  крај/х/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Поплави во Москва, вода на улиците до колена

Објавено пред

Москва и московскиот регион беа погодени од пороен дожд, што го отежна сообраќајот, како во центарот на градот, така и во околните градови, јавува ТВ Звезда.

Корисниците на социјалните мрежи објавуваат видеа од Москва на кои се прикажани поплавени патишта, автомобили кои пливаат во вода и граѓани кои се обидуваат да се пробијат до своите домови газејќи низ вода до колена.

Жителите на Москва предупредуваат дека неколку улици во градот се претвориле во реки, што го отежнува сообраќајот, додека двете метро станици сега се „водопади“.

Прикажи повеќе...

Свет

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Објавено пред

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште не ги објавила имињата на жртвите од ова пукање, ниту мотивите на напаѓачите.

„Засега не знаеме што го предизвикало пукањето, ниту колку вооружени лица биле инволвирани во инцидентот“, рече капетанот на локалната полиција, Грег Ректор.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Објавено пред

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што растат надежите дека ќе биде можна масовна имунизација.

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, а водечкиот руски научник се надева дека со тоа ќе се обезбеди имунитет за повеќе од две години.

„Волонтерите од првата група се чувствуваат добро и немаат поплаки за нивното здравје“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. „Во текот на изминатите две недели, немаше сериозни несакани ефекти“.

Волонтерите од втората група за тестирање, кои ја примиле инјекцијата пет дена подоцна, исто така известуваат дека немаат несакани реакции.

Тестирањето на вакцината за коорнавирус во Русија се спроведува заедно од Министерството за одбрана на земјата и Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеи во Москва. На почетокот на јуни, волонтерите беа избрани меѓу воени лица и цивили.

На 30 јуни рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести претседателот Владимир Путин дека тестирањата треба да завршат до крајот на јули. Се очекува вакцината да биде регистрирана во август и да биде ставена во масовно производство што е можно порано.

Александар Гинзбург, директор на Институтот, се надева дека, по инекцијата имунитетот ќе трае две години. Земјата планира да произведе до 70 милиони дози, а здравствените организации веќе се подготвуваат за поголемо производство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Заев: САД се нашиот најголем партнер во градењето на стабилна, демократска држава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, испрати честитка по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. Во честитката...

Свет44 минути

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште...

Свет54 минути

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет2 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет2 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет2 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион13 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет14 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет14 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ18 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија19 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа20 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија21 час

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ21 час

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет22 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија22 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет23 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија24 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија24 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион1 ден

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Досие