Свет
Чавез потврди дека е болен од канцер
Венецуелскиот претседател Уго Чавез во телевизиското обраќање до нацијата во четвртокот навечер објави дека на Куба каде што престојува подолго време се лекува од канцер.
Венецуелскиот претседател Уго Чавез во телевизиското обраќање до нацијата во четвртокот навечер објави дека на Куба каде што престојува подолго време се лекува од канцер.Уго Чавез се наоѓа во Хавана од 10-ти јуни и ова е неговото прво обраќање во јавност од тогаш. Тој рече дека бил подвргнат на операција со која во целост му е отстранет канцерогениот израсток и дека е „на пат целосно да се излечи“. Процесот на заздравување Чавез го нарече „бавен и внимателен“. Претседателот на Венецуела нагласи дека е решителен да ја добие битката за своето здравје а својот говор го заврши со зборовите „Hasta la victoria siempre“ (До победата, засекогаш ). Но во кусиот говор Чавез не најави кога е се врати во земјата, ниту именуваше свој привремен заменик. Со овој настап, Чавез ги потврди шпекулациите дека е тешко болен, кој почнаа да се шират откако со седмици не се појавуваше во јавноста, што е незамисливо за него. До вчера според официјалната верзија тој бил на службен пат во Куба каде што итно бил опериран заради воспаление. Според политичките аналитичари на запад, Венецуела сега влегува во период на политичка неизвесност пред претседателските избори закажани идната година. Чавез досега со ништо не навести кои се неговите намери по ова прашање.Членовите на неговата влада се појавиле на државната венецуелска телевизија неколку минути по завршувањето на обраќањето на Чаваз и искажувајќи му целосна лојалност, нагласиле дека социјалистичките реформи ќе продолжат иако претседателот не е во Земјата, ,пренесува Reuters.Венецуела во меѓувреме го откажа одржувањето на регионалниот самит по повод прославата на 200-годишнината од независноста што требаше да се одржи на 5-ти и 6-ти јули, а владата повика со масовни јавни собири да му се искаже поддршка на болниот претседател./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.