Свет
Лидерот на колумбиските герилци повторно избегнал смрт
Командантот на колумбиската герилска армија ФАРК, Алфонсо Кано, за малку избегна апсење или смрт, соопшти денеска колумбискиот претседател Хуам Мауел Сантос
Командантот на колумбиската герилска армија ФАРК, Алфонсо Кано, за малку избегна апсење или смрт, соопшти денеска колумбискиот претседател Хуам Мауел СантосНеговото признание ги заврши неколкудневните шпекулации за тоа дали кано загинал во нападот на армијата врз камп во кој тој престојувал. Нападот врз кампот беше дел од тридневната офанзива на армијата минатата недела во регионот со густи џунгли помеѓу провинциите Хулиа и Каука, познато скривалиште на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК).Претседателот Сантос додаде дека ова е трет пат Кано за малку да и избега на армијата, но додаде дека тој наскоро ќе биде фатен или убиен.„Самиот факт што информацијата за неговата местоположба ни стигна од припадник на ФАРК укажува на поделеност во редовите на ФАРК“, вели Сантос.Кано е во постојано бегство пред армијата откако застана на чело на организацијата, по смртта на нејзиниот основач Педро „Тирофиџо“ Антонио Марин, кој почина минатата година од срцев удар.ФАРК, која е најголемата антивладина вооружена група на континентот, е селанска армија која брои околу 18.000 луѓе. Тие тврдат дека се борат за правата на сиромашните и против странската доминација врз Колумбија и нејзините ресурси. Армијата се финансира со чести киднапирања на познати личности, со копање на злато и со наплаќање на данок на трговијата со дрога која се одвива во реоните под нивна контрола на југоистокот на земјата. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.