Свет
НАТО очекува следната година договор со Русија за антиракетниот штит
НАТО очекува следната година да се договори со Русија по прашањето на Европскиот ракетен одбранбен систем (EUROPRO), изјави во понеделникот генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен на состанокот на Советот НАТО-Русија на ниво на постојаните претставници
„Се надевам дека сите се стремиме кон тоа на самитот на НАТО во Чикаго, што ќе се одржи за помалку од година, дека ќе бидеме во можност да се договориме за решението за ракетната одбрана, која ќе ја осигура безбедноста на териториите на земјите членки на НАТО и на Руската Федерација. И ќе го направиме тој систем поефикасен“, изјави генералнито секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмунсен.Соработката на европскиот ракетен одбранбен систем меѓу НАТО и Русија беше договорен на самитот во Лисабон во ноември 2010 година. Русија смета дека развојот на концептот и самата архитектура на ракетниот штит EUROPRO треба да биде на рамноправна основа и да обезбеди соодветни мерки за градење доверба и транспарентност во областа на ракетната одбрана. За руската страна, во принцип, важно е да се гарантира дека системот не е насочен против Русија што ќе биде ставено на хартија – во правно обврзувачка форма, а не тоа да биде само декларативно. НАТО, од своја страна, бара од Русија да има поголема доверба дека ракетниот одбранбен систем нема да се користи против рускиот нуклеарен потенцијал.Расмусен, исто така, на прес-конференцијата одржана во рускиот туристички центар Сочи, изјави дека Русија и НАТО ја потврдиле нивната подготвеност да соработуваат на проектот EUROPRO. „Денеска уште еднаш ги потврдивме нашите заложби за соработка во доменот на ракетната одбрана. Го слушнавме мислењето на руската страна и погледите на НАТО, кои разјаснија некои од важните аспекти на развојот на нашите сили и средства“, изјави Расмунсен.Според првиот човек на НАТО, за еден ден, па дури и за неколку месеци, не може да се создаде системот за ракетна одбрана.„Ние ќе продолжиме да работиме заедно, и ќе го интензивираме дијалогот“, вели Расмунсен. Советот НАТО-Русија е формиран на самитот меѓу Русија и земјте членки на НАТО одржан во Рим во 2002 година, како механизам за консултации, постигнување на согласност за заеднички пристап, соработка, носење заеднички одлуки и дејства на Русија и земјите членки на НАТО за прашањата од сферата на безбедноста во регионот во евро-атланскиот регион. Работата на Советот во рамките на националните капацитети, разгледување на прашањата без претходна внатреблоковска согласност, а одлуките се донесуваат со консензус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2) за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото и дека сѐ уште го чека извештајот од обдукцијата на синот.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за „Нова.рс“ изјави дека никој не дошол кај неа да ѝ каже дека син ѝ е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за погребот.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата сѐ уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие сѐ“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала оти Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се многуте повреди што ги имал на телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на детето.
Телото на Данка сѐ уште не е пронајдено.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.