Свет
Западот испратил специјалци да го ликвидирате Гадафи
Западните земји испратиле во Триполи припадници на нивните специјални единици „физички да го ликвидираат“ либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи
Ова го изјавил синот на либискиот водач Мохамад Гадафи, рече во понеделникот претседателот на Меѓународниот шаховски сојуз (Фиде) Кирсан Иљумжинов кој за кусо време по вторпат престојува во Триполи. Иљумжинов допатува во Триполи во неделата навечер за руската агенција Интерфакс изјави дека се сретнал со постариот син на Гадафи, Мохамад Гадафи.„Тој ми рече дека западните земји испратиле специјалци во Триполи физички да го ликвидираат неговиот татко Моамер ел-Гадафи, Според сознанијата на Мохамад, во Триполи во овој момент се наоѓаат тројца западни командоси“, вели Иљумжинов.Ексцентричниот поранешен претседател на руската република Калмија во периодот од 1993 до 2010 година, познат е по изјавите дека во Москва бил посетен од вонземјани во „жолти скафандери“.Тој кон половината на јуни во Триполи се состана со полковникот Гадафи со кој одигра партија шах. Иљумжинов кој е многу богат бизнисмен е на чело на Светската шаховска организација од 1995 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.