Свет
Француската новинарка го тужи Строс-Кан за малтретирање
Француската новинарка и писателка Тристан Банон одлучи да го тужи за малтретирање поранешниот челник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан, јави AFP повикувајќи се на изјава на нејзиниот адвокат Давид Кубби
„Мојот клиент поднесе тужба за обид за силување против г-дин Доминик Строс-Кан. Тужбата до обвинителот ќе ја поднесеме утре, на 5-ти јули, а обвинителството ќе ја прими во среда наутро“, изјави адвокатот Давид Кубби.Станува збор за сексуален напад врз Тристан Банон, наводно сторен од страна на Строс-Кан во 2002 година. Претходно Банон најави дека нема да го тужи поранешниот шеф на ММФ, додека против него се води процесот во САД.Кубби тврди дека одлуката за тужбата со обраќање до обвинителството и тој и Банон ја поднеле уште во средината на јуни. Адвокатот, исто така, вели оти случајот на Банон и случајот во САД против поранешниот шеф на ММФ немаат никаква поврзаност. Строс-Кан беше уапсен на 14-ти мај Њујорк по обвинување на собарката од хотелот „Софител“ на Мехетен за сексуален напад. Неколку дена по неговото апсење тој мина во затвор, а потоа Врховниот суд на Њујорк се согласи да го ослободи со кауција од милион долари и го стави во домашен притвор. Првиот ден од јули, на Строс-Кан му беше вратена кауцијата, но личните исправи со кои може да замине во странство се’ уште се запленети. Неговото наредно појавување пред судот е закажано за 18-ти јули. Обвинителството претходно изјави дека изјавата на собарката е проблематизирана, имајќи предвид дека давала лажни изјави при добивањето азил во САД, ги мамела даночните и социјалните служби, а веројатно дала и лажна изјава под заклетва во сведочењето пред големата порота во овој случај. Според Банон, Строс-Кан во 2002 година врз неа извршил сексуален напад. Тогаш нејзината мајка, со оглед на тоа што немало силување, ја одвратила од поднесување на тужбата, за да не ја наруши својата животна репутација на „вистинска девојка“. Во 2007 година, во една телевизиска емисија Банон раскажа за инцидентот со Строс-Кан. Кога се појави веста за апсењето на Строс-Кан во САД под обвинение за злосторство од сексуална природа, Банон повторно ја потсети јавноста за нејзиниот случај. Медиумите повикувајќи се на нејзиниот адвокат тогаш објавија дека таа има намера да поднесе тужба против поранешниот шеф на ММФ, но потоа нејзиниот застапник ја промени својата позиција. Кубби изјави дека Банон и Строс-Кан имаат што да си кажат еден на друг, но оти тоа ќе се случи во Франција. Тој, исто така, истакна дека Банон не сака да да биде исползувана од страна на американскиот правен систем и да помогне во тоа да ги обединет двата случаи – па таа одлучи да почека пред поднесувањето на тужбеното барање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.