Свет
Данска воведе гранични контроли
Данска денеска од 10 часот воведе царинска контрола на границите со своите соседи од ЕУ, Германија и Шведска.
Данска денеска од 10 часот воведе царинска контрола на границите со своите соседи од ЕУ, Германија и Шведска.Данска од денеска започнува со примена на одлуката за повторно воведување на гранична контрола, што беше критикувана од ЕУ. Цариниците од денеска ќе ги контролираат патниците на граничните премини со Германија.Според најавите, прво 30 цариници ќе ги контролираат патниците по систем на случаен избор, со цел да се оневозможи прекуграничниот криминал.Исто така, 20 цариници веќе се наоѓаат на данско – шведската граница.Според минатонеделната одлука на Собранието, во наредниот период би требало да се зголеми бројот на цариници и да биде поставен електронски систем за надзор, а освен тоа во план е изградба на потребната инфраструктура на границите.Новите контроли се воведуваат поради притисокот што го вршеше десноориентираната данска Народна партија.Европската комисија и германската влада остро ги критикуваа плановите на Копенхаген за повторно воспоставување на граничната контрола. Тие во оваа одлука гледаат потенцијална опасност врз слободата на патувањето внатре во ЕУ и бараат цврсто да се придржуваат кон одредбата за Шенген.Данската влада убедува дека ќе се придржува кон одредбата и дека со новите контроли нема да им биде нарушено патувањето на обичните патници.крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа
Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.
За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.
На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.