Свет
Израел го откажа предавањето на телата на 84 палестински борци
Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак во вторникот го откажа планираното предавање на телата на 84 убиени милитанти на Палестинската национална администрација (ПНА)
Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак во вторникот го откажа планираното предавање на телата на 84 убиени милитанти на Палестинската национална администрација (ПНА), кои загинале во текот на годините во судирите со израелските сили или при извршување терористички акти, јави израелското радио „Кол Израел“.Одлуката, што ден претходно ја објави прес-службата на армијата на Израел, била преразгледана под притисок на роднини на Израелците убиени од страна на милитантите. Министерот за одбрана Ехуд Барак, исто така, се осврнал на неопходноста да се анализира како предавањето на телата на палестинските милитанти ќе влијае врз преговорите за ослободување на израелскиот војник Гилад Шалит, кој е во палестинско заробеништво, односно да не го лиши Израел од еден од адутите во дијалогот со Хамас. Претходно локалните медиуми објавија дека палестинските власти сметаат дека треба да бидат предадени телата на Палестинците убиени од 1967 година досега а погребани на териториите што ги контролира Израел. Меѓу нив се телата на неколку лидери на военото крило на Хамас и на жената којашто се разнесе во 2003 година во ресторанот „Максим“ во градот Хаифа. Тогаш, во еден од најкрвавите напади на „втората интифада“, загинаа 21 Израелец. „Владата е должна, барем минимално, да нé запознае со тоа. Според мене, тие тела воопшто и не требаше да постојат. Мораше да бидат спалени, од нив да не остане ни малиот прст“, ја цитира мајката на еден од загинатите во Хаифа, порталот „Вај-нет“ Во понеделникот, претседателот на Комитетот за граѓански дела на Палестинската автономија, Хусеин ал-Шеик изјави дека на барање на палестинскиот лидер Махмуд Абас двете страни постигнале договор за предавање на останките на загинатите Палестинци. Според него, тоа е гест на добра волја во пресрет на светиот муслимански месец Рамазан, кој почнува во август. Палестинските медиуми објавија листа со имињата на милитантите чии тела би требало да бидат предадени. Исто така, беше објавено дека на израелска страна има останки на уште други 102 луѓе, вклучувајќи ги и телата на милитантите од соседните арапски земји кои учествувале во воените операции против еврејската држава/крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.