Свет
Њујоршкото обвинителство може да го повлече бвинението за Строс-Кан
Обвинителството во Њујорк може наскоро да објави повлекување на обвиненијата против поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан, пишува во вторникот електронското издание на New York Post цитирајќи извор близок до случајoт
„Сите знаеме дека случајот (против Строс-Кан) е нестабилена. Нејзиното (собарката) сведочење е сомнително, не можеме да се потпреме на него во ова дело“, се цитираат зборовите на соговорникот на весникот.Според него, ниеден од исказите на хотелската собарка којашто го обвини поранешниот прв човек на ММФ за обид за силување, не е целосно веродостоен и „можно е никогаш да не се дознае што навистина се случило во хотелската соба“.Изворот истакнува дека обвинението против Доминк Строс-Кан може да биде повлечено на следниот рочиште коешто треба да се одржи за две седмици, или дури и порано.Строс-Кан беше уапсен на 14-ти мај Њујорк по обвинување на собарката од хотелот „Софител“ на Мехетен за сексуален напад. Неколку дена по неговото апсење тој мина во затвор, а потоа Врховниот суд на Њујорк се согласи да го ослободи со кауција од милион долари и го стави во домашен притвор. Првиот ден од јули, на Строс-Кан му беше вратена кауцијата, но личните исправи со кои може да замине во странство се’ уште се запленети. Неговото наредно појавување пред судот е закажано за 18-ти јули. Обвинителството претходно изјави дека изјавата на собарката е проблематизирана, имајќи предвид дека давала лажни изјави при добивањето азил во САД, ги мамела даночните и социјалните служби, а веројатно дала и лажна изјава под заклетва во сведочењето пред големата порота во овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.