Свет
Во Памплона почнува трката со бикови
Повеќе од милион луѓе се очекува денеска да се најдат на улиците на шпанскиот град Памплона, каде попладне започнува најпознатата забава – Деветдневниот фестивал на трка со бикови „Сан Фермин“.
Повеќе од милион луѓе се очекува денеска да се најдат на улиците на шпанскиот град Памплона, каде попладне започнува најпознатата забава – Деветдневниот фестивал на трка со бикови „Сан Фермин“.Уличната забава која е позната во целиот свет и по романот на американскиот писател Ернест Хемингвеј, „Сонцето повторно се раѓа“, официјално ќе започне со традиционалното отварање со извици „Да живее Сан Фермин“ од балконот на градската општина и со палење петардите „чупинасо“, пренесуваат агенциите.Првата трка со бикови ќе биде одржана утре во 20 часот по локално време кога на траса долга 850 метри по стотина учесници ќе трчаат 12 бикови.Трката со бикови обично трае нешто помалку од четири минути и секоја година од неа завршуваат повредени помеѓу 200 до 300 учесници, прегазени или прободени од роговите и покрај зголемените безбедносни мерки.Фестивалот има низа пропратни манифестации, а жителите на шпанскиот град со повеќе од 200 илјади жители очекуваат повеќемилионска посета. Фестивалот завршува на 14 јули. крај/блиц/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.