Свет
Пожар во кинески рудник, заробени под земја 28 рудари
Поради пожар кој избувна во еден рудник за јаглен во источниот дел на Кина, под земја заробени останаа 28 рудари. На југот на Кина, спасувачките тимови се уште се обидуваат да ги извлечат рударите од два рудника, нив 42-ца, кои останаа заробени под земја како последица на големите врнежи од дожд.
Поради пожар кој избувна во еден рудник за јаглен во источниот дел на Кина, под земја заробени останаа 28 рудари. На југот на Кина, спасувачките тимови се уште се обидуваат да ги извлечат рударите од два рудника, нив 42-ца, кои останаа заробени под земја како последица на големите врнежи од дожд. Во рудникот во провинцијата Сандонг, 80 спасувачи напорно работат за да стигнат до рударите кои останаа заробени во рудникот по пожарот кој избувна во рударското окно. Сопственикот на рудникот понуди награда од 300.000 долари за секој рудар кој ќе биде спасен. Државната управа за безбедност при работа, соопшти дека пожарот избувнал во моментот кога се запалил компресорот за воздух, кој се наоѓа на 225 метри под земја. Кина држи неславен рекорд по бројот на жртви во рударски несреќи, во 2010 година животот го загубиле 2.433 рудари, додека во 2009 година во кинеските рудници животот го загубиле 2.631 рудар. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.