Свет
Следниот состанок на Контакт групата за Либија на 15 јули
Следниот, четврти состанок на Контакт-групата за Либија ќе се одржи на 15-ти јули во Истанбул, соопшти турското министерството за надворешни работи.
Следниот, четврти состанок на Контакт-групата за Либија ќе се одржи на 15-ти јули во Истанбул, соопшти турското министерството за надворешни работи.Како што пренесува РИА Новости повикувајќи се на соопштението на амбасадата на Турција во Москва, се претпоставува дека средбата на Контакт-групата за Либија којашто беше формирана на Лондонската конференција на 29 март 2011 година и чии претходните средби се одржаа во Катар, Италија и Обединетите Арапски Емирати, ќе се одржи на ниво на министри за надворешни работи и секретарите на околу 40 земји.Претходно кон крајот на јуни британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг изјави дека главна тема на состанокот ќе биде пост-воената стабилизација на Либија. Пред состанокот ќе се одржи средба на овластените претставници на Велика Британија, Италија, Данска и Турција во Либија за да се направи неопходната процена кои ресурси се потребни за обнова на инфраструктурата и основните животни услови за Либијците.Во средината на февруари во Либија започнаа масовни демонстрации со барање по повеќе од 40 години од власта да се повлече либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи, кои подоцна прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и бунтовниците. Советот за безбедност при Обединетите нации на 17-ти март ја донесе резолуцијата со којашто се наметна зона на забранети летови над Либија. За да се обезбеди зоната на забранети летови, како и спроведувањето на ембаргото за оружје и за заштита на либиските цивили, коалицијата на западните земји на 19-ти март ја започна воената операција чиешто раководење набрзо целосно беше преземено од страна на НАТО. Мандатот на операцијата која се изведува под кодното име „Обединет бранител“требаше да заврши на 27-ми јуни, но на 1-ви јуни операцијата на НАТО беше продолжена за 90 дена – до крајот на септември.Контакт групата во Либија беше формирана врз основа на одлука донесена кон крајот на март на меѓународната конференција во Лондон. Таа е дизајнирана за да има координирана реакција на случувањата во Либија и да претставува центар за контакт меѓу меѓународната заедница и страните во оваа северноафриканска земја.Во составот на Контакт-групата влегуваат голем број европски земји, како и САД и неговите сојузници од Блискиот исток./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа
Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.
За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.
На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.