Свет
Висината на цунамито што ја погоди „Фукушима -1“, била 13 метри
Висината на цунами што ја погоди јапонската нуклеарна централа „Фукушима-1“ на 11 март изнесувала 13,1 метри, објави во саботата телевизијата NHK, повикувајќи се на соопштениет на TEPCO – оператор со погодената нуклеарка
Пресметките се направени од страна на компанијата со помош на компјутерска симулација направена врз основа на снимките од стихијата и метеоролошките информации. Според експертите, бранот со височина 13,1 метри минал крај хидрометеоролошката станица лоцирана во близина на нуклеарната централа 51 минута по земјотресот.Претходно, експертите соопштија дека височината на плимниот бран на цунамито што ја погоди нукеарката „Фукушима-1“ изнесувал околу 5,7 метри.Инаку височината на цунамито што го погоди северо-источниот брег на јапонскиот остров Хонши по катастрофалниот земјотрес од 11-ти март, во некои области достигнала до 40,5 метри, објави во јуни Метеоролошка агенција на Јапонија.Во текот на изминатите четири месеци по катастрофата, научниците постојано ја ревидираат нивната проценка за можните висини на брановите кои ги уништија крајбрежните области на Јапонија, како и територија од повеќе километри во внатрешноста. Вработените на јапонската Метеоролошка агенција и персоналот од други истражувачки институти и центри, секој ден вршат испитувања и мерења на остатоците од објектите во погодените области, што им овозможува да направат реконструкција на трагичните настани.Врз основа на последните наоди, научниците велат дека височината на цунамито кое налета на градот Мијако во префектурата Ивате, изнесувала 40,5 метри. Бранот кој се урнал во селото Нода во истата префектурата бил висок 37,8 метри а височината на цунами што го уништи градот Онагава во префектурата Мијаги изнесувал 34,7 метри.Земјотресот со магнитуда од 9,0 степени по Рихтер што ја погоди северо-источна Јапониј ана 11-ти март годинава, според Институтот за географија на Јапонија, предизвика цунами кое опфати вкупна површина од 561 квадратни километри, што одговара на 90 отсто од 23 посебните области кои го сочинуваат јадрото на Токио. Повеќе од половината од поплавените област – 327 квадратни километри, се во префектурата Мијаги. Како резултат на влијанието на елементарната катастрофа уништени се повеќе од 151 илјади згради.По земјотресот и цунами во јапонските нуклеарна централа „Фукушима-1“ беше регистрирана серија несреќи предизвикани од икслучувањето на системот за ладење. Како резултат на инциденти во нуклеарните централи се случија неколку истекување на радијација, што доведе властите да го евакуираат населението во радиус од 20 километри од нуклеарните централи во Фукушима, да прогласат забрана за влегување во зоната, а подоцна и препораки за евакуација на голем број области кои се наоѓаат во радиус од 30 километри и повеќе од нукеарката.Досега повеќепати се појавија информации дека во разни делови на Јапонија е регистрирано присуство на радиоактивни елементи, особено изотопи на јод и цезиум во воздухот, во морето и водата за пиење, како и во земјоделски производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.