Свет
Египет ја призна независноста на Јужен Судан
Египетските власти во саботата соопштија признавање на Јужен Судан, јави Reuters повикувајќи се на изјава на египетскиот министер за надворешни работи, Мухамед ал-Араби.
Египетските власти во саботата соопштија признавање на Јужен Судан, јави Reuters повикувајќи се на изјава на египетскиот министер за надворешни работи, Мухамед ал-Араби.Египет внимателно ја набљудуваше поделбата на Судан, во голема мера, бидејќи во многу животот на луѓето во земјата зависи од ситуациите по течението на реката Нил, а прогласувањето на новата држава може да придонесе за ревизија на квотите за употреба на водите на реката.Претходно во петокот навечер независноста на новата држава ја призна Судан, а неколку часови подоцна, на полноќ, Јужен Судан и официјално стана независна држава.Официјалната прогласувањето на независноста на Јужен Судан се одвива во саботата, во главниот град, Џуба. Јужен Судан стана 54 држава во Африка, а 196-та во светот и се очекува наскоро да стане 193-та членка на Обединетите нации. Со прогласувањето на независноста на Јужен Судан, се става крај на преодниот период предвиден со Сеопфатниот мировен договор потпишан во 2005 година меѓу суданската влада и бунтовниците од Југот – Ослободителното движење на Судан со што беше завршена 21-годишната граѓанска војна.Со звукот на камбаните од црквите, топотот на тапаните и гласните извици на жителите на Џуба, каде започна да слави независноста беше дочекано утрото и соопштението дека Јужен Судан и официјално е прогласен за независна држава – Република Јужен Судан. Јужњаците се собираат во црквите и на плоштадите, палат свеќи и се молат во чест на раѓањето на новата нација./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.