Свет
Најмалку 20 загинати откако воз излета од шините во Индија
Најмалку 20 лица загинаа а над 100 се повредени во железничка несреќа што се случи во неделата во северната индиска држава Утар Прадеш, јави телевизијата NDTV цитирајќи официјални извори.
Најмалку 20 лица загинаа а над 100 се повредени во железничка несреќа што се случи во неделата во северната индиска држава Утар Прадеш, јави телевизијата NDTV цитирајќи официјални извори.Трагедијата се случила во областа на Атехпур, кога од засега не утврдени причини 14 вагони излетале од шините. Возот сообраќал на линијата од индиската престолнина Њу Делхи до градот Ховрах во сојузната држава Западен Бенгал.„Извлековме 20 мртви тела, а во хаварисаните вагони има останати уште телото“, изјави за медиумите претставник на локалната полиција, Бриџ Лала.Повеќе од 200 полицајци и војници од локалниот гарнизон учествуваат во спасувачката операција. Властите почнаа истрага за причините за трагедијата, се дополнува во информацијата на индиската телевизија./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.