Контакт

Свет

Хакери упаднаа во компјутерската мрежа на главен снабдувач на Пентагон

Објавено пред

Припадници на хакерската група Anonymous украле околу 90 илјади електронски адреси и лозинки од компјутерска мрежа на компанија Буз Ален Хамилтон (Booz Allen Hamilton ), еден од најголемите снабдувачи на Пентагон, и ја објави листа на украдените адреси на јавниот домен

dobivaj vesti na viber

Ова во вторникот го објави преку микроблогот на Твитер, AnonymousIRС Една од клучните области на „Буз Ален Хамилтон“ – е развојот на софтвер и хардвер системи за информатичка безбедност, и овој инцидент може да претставува тежок удар врз угледот на компанијата. Хакерите ја објавија листата на украдените електронски адреси, како и лозинките (пасвордите) кои се енкриптирани, несоодветни за пристап до е-мејл акаунтите, пишува Reuters.Сепак, криминалците можат да гi користат украденте електронски адреси и, вклучувајќи ги и адресите на клиентите на Буз Ален Хамилтон, за испраќање спамови.Претставниците на Буз Ален Хамилтон одбија за Reuters да го коментираат овој факт.Во текот на изминатите два месеци, ова е втор хакерски напад врз еден од најголемите партнери на американскиот Пентагон. Во мај цел на хакерски напад беше производителот на воена опрема Локид Мартин (Lockheed Martin), чија компјутерска мрежа беше извесно време под владение на непознати хакери. Според експертите, природата на нападот на Локид Мартин ја покажува неговата темелна подготовка, а Anonymous обично се користат со релативно едноставни методи за „напади“.Оваа група првенствено е позната по нападите од минатата година на страниците на „непријателите“ на контроверзнито итнернет ресурс WikiLeaks – PayPal, Visa и MasterСard., како и по неодамнешното обединување со друга група на хакери позната како LulzSec. Последни цели на на нивните напади беа итнернет ресурсите на компаниите на Sony, Nintendo, Google, и Citigroup, како и на американскиот Сенат и на ЦИА, итнернет страниците на претседателот и на владата на Бразил, како и други интернет ресурси.Минатата седмица италијанската полицијата ги утврди идентитетите на организаторите и двајца припадници италијанската гранка од хакерската група Anonymous,  кои од јануари 2011 година неколкупати ги нападнаа веб-страниците на владини агенции и компании.Покрај тоа, полицијата открила уште други двајца хакери од оваа група, од кои еден е малолетник. Anonymous во првите шест месеци на 2011 година направија летри упади во итнеренет страниците на италијанската влада, на сенатот и палатата на пратениците во националниот парламент, како и на страниците на неколку големи италијански компании, како сајтовите како на италијанската компанија Eni, Finmeccanica и банката Unicredit.Хакерската група Anonymous стана светски позната кон крајот на 2010 година, кога нејзините членови организираа серија напади на итнернет страниците на компании и организации, кои се обидоа да ја блокираат работата на разобличувачкиот интеренет ресурс WikiLeaks.Според неофицијалната класификација, групата LulzSec е вброена во ткн сиви хакери. Тоа се сајберхулигани кои се пробиваат до содржините на интернет страниците или привремено ги вадат од употреба, не за свои цели, туку за да му докаже на сопственикот на страницата дека можат да му ја нарушат безбедноста или, пак, од одмазда.Досега истражните органи не успеаја ефикасно да се спротистават на активностите на LulzSec, кои се чувствуваат многу безбедни. Така минатата седмица  LulzSec отвори телефонска „жешка линија“ преку која корисниците можат да се жалат на која и да е интернет страница. Доколку раководството на LulzSec оцени дека „тужбата“ е основана групата го користи своето „мрежно оружје“.На 25-ти мај беше објавено за  хакерскиот напад врз интернет страницата на Sony Ericsson кој резултираше со истекување на личните податоци на околу две илјади клиенти. Според експертите, нападот врз страницата на јапонско-шведската компанија Sony Ericsson првенствено бил насочен кој јапонскиот Sony. Неодамна во целиот свет беше изведен бран од сајбер напади а само последните неколку дена од мај стана познато дека се компромитирани четири интернет ресурси на Sony.При последниот напад неидентификувани лица успеале да добијат неовластен пристап до базата со податоци која содржи информации за регистрирани корисници на канадската онлајн продавница на Sony Ericsson eShop.Како што објави интернет страницата The Hacker News, по влезот хакерите на интернет објавиле фајл со имиња, адреси на електронската пошта и лозинки (лозинките на корисниците не се дадени откриено, туку се трансформираат преку хеш-функцијата).Како што пишуваше Cnet, хакерите ја нападнале интернет страниците на јапонската, грчката и индонезиската подружница на  Sony Music Entertainment. При хакирањето на грчката страница истекле лични податоци на повеќе од осум илјади корисници. Листата на компромитиран лични информации вклучува имиња и лозинки, телефонски броеви и адреси од електронска пошта.Според податоците на The Hacker News , нападите врз Sony Ericsson и Sony Music Entertainment биле технички слични, спроведени со помош на ткн SQL-инјекција. Овој метод овозможува со помош на специјално подготвен пребарувач на серверот да се добие  пристап до системот ист каков што имаат администраторите во однос на просечниот корисник.Околу 18-ти мај интернет страницата на тајландската филијала на Sony, една од страниците на ресурсот, беше заменета од страна на непознати лица, најверојатно со цел да се измамат банкарски податоци на посетителите на ресурсот. Покрај тоа, исто така кон средината на минатиот месец, хакери успеале да ги турнат ресурсите на јапонски интернет провајдер So-net, во сопственост на корпорацијата Sony.Серијата напади против Sony започна во април, кога хакерската група Anonymous извесен период извади од функција неколку веб сајтови на корпорацијата. Скорешниот потоа напад на забавните сервиси Sony PlayStation Network, Qriocity и Sony Online Entertainment беше причината за истекување на личните податоци на повеќе од 100 милиони корисници. Како што очекува корпорацијата, загубата поради хакерскиот напад би можела да изнесува повеќе од 170 милиони долари.

Европа

Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина

Објавено пред

По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.

dobivaj vesti na viber

„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.

„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.

Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.

Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.

Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.

Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.

Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.

Прикажи повеќе...

Европа

Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана

Објавено пред

Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.

Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.

Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.

Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.

Прикажи повеќе...

Свет

Си-ен-ен: Сателитските снимки покажуваат дека во Исфахан нема поголеми штети

Објавено пред

Според сателитските снимки од вселената до кои ексклузивно дојде Си-ен-ен, се чини дека нема поголема штета во воздушната база која наводно била цел на израелскиот напад во Исфахан.

dobivaj vesti na viber

Сателитски снимки се направени околу 10:18 часот по локално време. Се чини дека нема големи кратери во земјата и нема видливи уништени згради. Меѓутоа, за да се знае со сигурност дали има некаква штета, ќе бидат потребни дополнителни визуелни сателитски снимки, пишува Си-ен-ен.

Сликите не се како обичните сателитски снимки бидејќи се создадени од сателит кој испраќа радарски зраци кои можат да поминат низ облаците, како оние што моментално ги спречуваат сателитите да ја сликаат областа. Овие радарски зраци се одбиваат од објектите на земјата и се враќаат назад кон сателитот.

Иранската новинска агенција ФАРС објави дека една од можните цели бил воен радар во воена база во провинцијата Исфахан, а единствената штета од нападот се скршени прозорци во неколку деловни згради.

Сликите исто така покажуваат дека иранските F-14 Tomcats кои во минатото беа стационирани во воздухопловната база во моментов ги нема. Дополнителни архивски сателитски снимки прегледани од Си-ен-ен покажуваат дека тие F-14 Tomcats не биле таму некое време.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија8 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија10 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет11 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет11 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија11 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија12 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет12 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет12 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет12 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија21 час

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија22 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија22 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија24 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...