Свет
Под истрага двајца капетани кои не пружиле помош
Против капетаните на двата брода кои не му помогнале на туристичкиот брод „Бугарија“, иако биле во близина, се покренати кривични постапи, соопшти руската Комисија за истра
Против капетаните на двата брода кои не му помогнале на туристичкиот брод „Бугарија“, иако биле во близина, се покренати кривични постапи, соопшти руската Комисија за истрагиДвата брода, еден товарен и еден танкер за нафта, се нашле на местото на несреќата на реката Волга во неделата, но сепак продолжиле без да понудат помош. Имињата на капетаните се уште не се обелоденети. Седум минути откако „Бугарија“ се превртел и потонал на местото на несреќата пристигнал друг туристички брод, „Арабела“ и веднаш им почна да им пружа помош на преживеаните. Рускиот министер за транспорт, Игор Левитин, денеска изјави дека капетаните на двата брода кои не пружиле помош ќе ја добијат „максималната можна казна“. „Според првичните информации, отприлика во исто време кога се случила несреќата, минувале два брода. Ги знаеме имињата на капетаните и тие во моментов се испрашувани во градовите каде што живеат. Ќе ги употребиме сите легални мерки за тие двајца да ја добијат максималната можна казна“, рече Левитин.Бродот „Бугарија“ потона во неделата со околу 205 патници, иако максимално можел да пренесува 120. Операторите на бродот, кој е изграден во 1955 година, исто така немал лиценца за превоз на патници, ниту пак за организирање на туристички тури. Бродот имал и цела низа безбедносни мани, како што е еден расипан мотор и неисправен прамец. Туристичкиот брод „Петр Албин“, кој е речиси идентичен со „Бугарија“ денеска е задржан во градот Казан поради безбедносни проверки. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.