Свет
Кинескиот потпретседател за задушувањето на сепаратизмот на Тибет
Кинескиот потпретседател Си Џинпинг во вторникот вети дека ќе го задуши сепаратизмот предводен од Далај лама, навестувајќи дека доколку стане претседател како што се очекува, ќе ја заостри политиката кон Тибет
Си Џинпинг кој најверојатно во 2013 година ќе стане претседател на Кина, својот став за Тибет го изнесе неколку дена по состанокот на американскиот претседател Барак Обама со тибетскиот духовен водач Далај лама, кој беше одржан и покрај жестокото спротиставување на Пекинг.„Мораме да се бориме против сите сепаратистички активности на група предводена од Далај лама, така што ќе се потпреме на сите етнички групи и целосно ќе го разбиеме секој заговор кој тежи кон дестабилизација на Тибет и го загрозува националното единство“, изјави кинескиот потпретседател. Си Џинпинг во вторникот зборуваше во Ласа, главниот град на автономната покраина Тибет, пред влезот во славната палата Потала, некогашното седиште на Далај лама.„Извонредниот развој на Тибет во последните 60 години ја покажува вистината којашто е невозможно да се побие: без кинеската Комунистичка партија не би имало ниту нова Кина ниту нов Рибет“, изјави Џинпинг по повод 60-годишнината од кинеското анектирање на Тибет, што во Пекинг се нарекува „мирно освојување“.Кина Далај лама го карактеризира како водач на насилниот сепаратизам. Далај лама кој од освојувањето на Тибет живее во егзил во Индија, добитник е на Нобеловата награда за мир поради заложбите за автономија на Тибет по мирен пат. Кина со строги мерки управува со Тибет од 1950 година, кога кинеската армија го освои овој регион на Хималаите. Последните седмици Пекинг ги заостри безбедносните мерки и им забрани влез на странските туристи на Тибет, превенирајќи можна дестабилизација по повод 90-годишнината од формирањето на Комунистичката партија на Кина.Последен пат масовни протести на Тибет избија во 2008 година кога официјално загинаа најмалку 19 лица, претежно припадници на народот Хан, мнозинската етничка група во цела Кина. Протибетските групации во странство тврдат, пак, дека во насилното задушување на протестите биле убиени најмалку 200 лица. Организациите за заштита на човековите права деновиве со големо внимание ја следат посетата на Џинпинг на Тибет, обидувајќи се да претпостават каква ќе биде политиката на Пекинг во иднина кој овој регион, Што е особено интересно, таткото на Џинпинг, Си Жонгсун поранешен заменик на кинескиот премиер лично го познава Далај лама. Тибетските претставници кои со него се состануваа во 1980-те забележаа дека Си Жонгсун го сочувал златниот часовник подарок од Далај лама. „Големо прашање е дали Си Џинпинг ќе покаже дека е татков син? Ќе покаже ли воопшто емпатија кон тибетскиот народ “, изјави Алисон Рејнолдс од Меѓународната мрежа за Тибет (International Tibet Network).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Свет
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок
Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.
Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.