Свет
Руперт Мардок ќе одговара и во Австралија
Руперт Мардок ќе мора и во Австралија да одговара на „тешки“ прашања, изјави денеска австралиската премиерка Џулиа Гилард, соочена со се поголемиот притисок во земјата за покренување на истрага против медиумскиот магнат
Руперт Мардок ќе мора и во Австралија да одговара на „тешки“ прашања, изјави денеска австралиската премиерка Џулиа Гилард, соочена со се поголемиот притисок во земјата за покренување на истрага против медиумскиот магнатАвстралијанецот Мардок својата огромна компанија почнал да ја гради во својата татковина, пред да ја претвори во трансконтинентално царство. Во Австралија тој поседува весници и телевизиски станици, собрани во компанијата News Limited, која доминира со австралискиот медиумски пазар. Директорот на австралискиот огранок на империјата на Мардок, Џон Хатиган, изјави дека во Австралија немало ништо налик на прислушувањето од страна на британскиот News of the World.Хатиган, исто така, истакна дека е подготвен да соработува со и новите истражните органи, за чие основање се залагаат австралиските зелени. Премиерката Гилард позитивно се изјасни за оваа идеја. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.