Свет
Нападната Фејсбук страницата на претседателот на Колумбија
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос соопшти преку својот микроблог Twitter дека хакерите од Anonymous денеска го нападнале неговиот профил на интернет ресурсот за социјално вмрежување Facebook, јави Синхуа.
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос соопшти преку својот микроблог Twitter дека хакерите од Anonymous денеска го нападнале неговиот профил на интернет ресурсот за социјално вмрежување Facebook, јави Синхуа. Како што пренесува агенцијата, хакери на приватната страница на претседателот Хуан Мануел Сантос поставиле видео насловен „Лажна независност“ (False Independence),во кое се прикажува дека не е возможно да се прославува независноста на земјата во која постојат такви проблеми како што се големото насилство и невработеноста. Пред десетина дена припадниците на хакерската група Anonymous украдоа околу 90 илјади електронски адреси и лозинки од компјутерска мрежа на компанија Буз Ален Хамилтон (Booz Allen Hamilton ), еден од најголемите снабдувачи на Пентагон, и ја објави листата на украдените адреси на јавниот домен.Во текот на изминатите два месеца, тоа беше втор хакерски напад врз еден од најголемите партнери на американскиот Пентагон. Во мај цел на хакерски напад беше производителот на воена опрема Локид Мартин (Lockheed Martin), чија компјутерска мрежа беше извесно време под владение на непознати хакери. Според експертите, природата на нападот на Локид Мартин ја покажува неговата темелна подготовка, а Anonymous обично се користат со релативно едноставни методи за „напади“.Оваа група првенствено е позната по нападите од крајот на минатата година на страниците на „непријателите“ на контроверзниот интернет ресурс WikiLeaks – PayPal, Visa и MasterСard., како и по неодамнешното обединување со друга група на хакери позната како LulzSec. Последни цели на нивните напади беа интернет ресурсите на компаниите на Sony, Nintendo, Google, и Citigroup, како и на американскиот Сенат и на ЦИА, интернет страниците на претседателот и на владата на Бразил, како и други интернет ресурси./крај/син/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.