Контакт

Свет

„Атлантис“ слета, заврши тридецениската шатл програма на НАСА

Објавено пред

Вселенскиот шатл „Атлантис“ изутринава за последен пат слета на пистата на Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, со што стави крај на 30-годишната историја на оваа програма на американската вселенска агенција НАСА

dobivaj vesti na viber

Вселенскиот шатл „Атлантис“ рано изутрина за последен пат слета на пистата на Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, со што стави крај на 30-годишната историја на оваа програма на американската вселенска агенција НАСА„Атлантис“, кој во својот работен век измина 8,4 милиони километри, го започна согорувањето на ткн. деорбитирање при влезот во атмосферата на Земјата, во текот на кое моторите ќе работат само малку над три минути со цел да ја забават огромната брзина со која шатлот влегува во атмосферата,  во 10 часот и 49 минути. „Хјустон, мисијата е комплетирана“, кратко јави командантот на шатлот Крис Фергусон, на што од контролата на мисијата ја искористија приликата да му честитаат и на екипажот, но и на илјадниците професионалци и волонтери кои помогнаа во тридецениската програма „која што инспирираше милиони луѓе ширум планетата“.Слетувањето на „Атлантис“ означи и крај на ерата во која САД доминираа со вселенските истражувања со човечки екипаж, оставајќи Русија како единствена вселенска сила која може да врши повратен транспорт до вселенската станица. Крајот на оваа програма исто така се поистовети со 42-годишнината откако првиот човек, американскиот астронаут Нил Армстронг, стапна на месечината на 20-ти јули 2969 година. Во текот на програмата, пет ракетоплани на НАСА, „Атлантис“, „Челинџер“, „Колумбија“, „Дискавери“ и „Ендевор“ ја сочинуваа флотата дизајнирана да биде првата флота од вселенски летала кои може повеќекратно да се употребуваат. Првиот лет шатлот го имаше на 12-ти април 1981 година. Ракетопланите „Челинџер“ и „Колумбија“ беа уништени во  несреќи во кои загинаа и нивните екипажи, вкупно 14 астронаути, со што во флотата останаа само три ракетоплани и „Ентерпрајс“, прототип кој никогаш не доби шанса да полета во вселената. Астронаутскиот оддел на НАСА сега брои само 60 луѓе, споредено со 128 во 2000-та година, а илјадници луѓе веќе се отпуштени од своите работни места во Вселенскиот центар „Кенеди“, што предизвика силни критики дека НАСА е без визија и целосно ќе го загуби приматот во оваа област. Но, администраторот на вселенската агенција, чарлс Болден, тврди дека идните мисии подлабоко во вселената, на кои сега ќе им се посвети агенцијата, наскоро ќе го вратат угледот на НАСА.„Претседателот ни даде задача: до 2025 година да слетаме на астероид, а до 2030 година да бидеме подготвени за мисија на Марс со човечки екипаж. Не чека огромна работа“, вели Болден.Пистата е на само неколку километри од местото каде што „Атлантис“, заедно со другите ракетоплани, ќе биде поставен како музејски експонат. /крај/Aljazeera/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Објавено пред

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во Бањско поле и рано утринава започнале детално пребарување на просторот околу куќата пред која исчезнало двегодишното девојче.

dobivaj vesti na viber

Екипите се состојат од 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче.

Припадниците на српската полиција во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Што правеа багерите вчера околу куќата од каде што исчезна Данка

Вчера околу куќата каде исчезна Данка во Бањско поле имаше два багери.

Според Телеграф.рс, багерите првенствено работеле на расчистување на теренот бидејќи куќата била опкружена со депонија, па полицијата за полесни претреси го расчистува просторот од гломазен и друг отпад.

„Сечат дрвја и го отстрануваат отпадот бидејќи околу куќата има депонија“, јави репортер од местото на настанот.

Прикажи повеќе...

Европа

Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони

Објавено пред

Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.

dobivaj vesti na viber

„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.

Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.

Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.

Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.

Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.

„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.

Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри.

Речиси половина час пред овој земјотрес Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Забележан е во 8:09 часот по локално време.

Во 08:42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 минути

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион32 минути

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа39 минути

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет53 минути

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа1 час

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија13 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија15 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија17 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија18 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија19 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ20 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија20 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија20 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија23 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет24 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет24 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија24 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет1 ден

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...