Свет
Војската излезе на улиците во Малави
Претседателот на Малави, Бунгу Ва Мутарика во четвртокот изјави дека нема да си замине од власта и нареди војската да излезе на улиците на престолнината Лилонгве, ден откако беа организирани антивладините протести во кои загинаа 18 лица.
Претседателот на Малави, Бунгу Ва Мутарика во четвртокот изјави дека нема да си замине од власта и нареди војската да излезе на улиците на престолнината Лилонгве, ден откако беа организирани антивладините протести во кои загинаа 12 лица.„Ќе продолжам да ја водам земјата. Како што предвидува уставот, овластувањата за раководење со владата се во моите раце и во нечии други“, изјави Бингу Ва Мутарика во неговото обраќање до нацијата емитувано преку државното радио. Во четвртокот попладне во главниот град на Малави, Лилонгве, повторно се собрале околу две илјади луѓе, а исто тоску според светските агенции протестирале и во градот Блантира која важи како економски центар на државата. Според странските дописници, сите продавници биле затворени поради стравувањата до повторени судири меѓу полицијата и демонстрантите. Малави е една од најмалите според површината држави во јужна Африка, а стандардот на населението опаѓа особено откако во април поради искористувањето на девизните резерви за плаќање на увозот, се јави недостиг од гориво што повлече поскапувања на повеќе продукти. Опозицијата во средата најави одржување на протести против авторитарноста и лошото водење на државната економија на претседателот Муратика, но тие се претворија во грабежи и судири со полицијата. Седумдесет иседумгодишниот Мутарика управува со Малави од 2004 година. Тој често беше позитивно истакнуван во справувањето со сиромаштијата, поради што во 2009 година без никакви проблеми повторно беше избран и доби уште еден петгодишен мандат. Сега опозицијата го обвинува дека тој станал диктатор./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважна закана за важна земја, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Свет
САД и Британија воведоа санкции кон Иран, насочени кон производителите на дронови
Соединетите држави и Велика Британија денеска воведоа санкции против Иран, насочени кон „иранската програма за беспилотни летала, челичната индустрија и производителите на автомобили“, потег по нападите врз Израел минатиот викенд, соопшти американското Министерство за финансии.
„Санкциите на Вашингтон се насочени кон 16 поединци и два ентитети кои овозможуваат производство на ирански беспилотни летала, вклучувајќи ги и дроновите Шахед користени за време на нападот на 13 април“, се вели во соопштението.
Денеска официјално беше објавено дека Велика Британија воведе санкции и за иранските воени субјекти, вклучително и Генералштабот на вооружените сили и морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
И овие мерки следеа по иранскиот ракетен и беспилотен напад врз Израел минатиот викенд. Британскиот премиер Риши Сунак во понеделникот изјави дека членовите на групата Г7 работат на пакет координирани мерки против Иран.
Британските санкции се насочени кон вкупно 13 субјекти или поединци, се наведува во британското соопштение.
Свет
Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште во Франција, напаѓачот е приведен
Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се полесно повредени со нож во близина на нивното училиште во Софелвејерсхајм, источна Франција, соопштија властите.
Според жандармеријата, 11-годишно девојче било повредено со нож пред училиштето, а друго е избодено на блискиот плоштад. Имаат површни рани и се хоспитализирани.
Напаѓачот бил приведен нешто по 14 часот и 15 минути на плоштадот. Тој веќе немал нож во раката и не пружал отпор.
„Човекот не е познат на службите и се чини дека неговите мотиви не биле поврзани со радикализација“, соопшти жандармеријата.
Децата биле задржани на училиште. Родителите ги чекале пред училиштето каде се распоредени неколку противпожарни возила.
„Навистина се плашам. Ни рекоа дека децата се безбедни внатре, но не знаеме кога ќе можеме да ги земеме“, рече Сара, една од мајките чие дете е на училиште.