Свет
Најмалку 32 загинати во судар на возови во Кина
Во судар на два брзи воза во кинеската источна провинција Жејианг загинале најмалку 32 патника, соопшти агенцијата Синхуа.
Во судар на два брзи воза во кинеската источна провинција Жејианг загинале најмалку 32 патника, соопшти агенцијата Синхуа.Несреќата се случила во саботата на мост во близина на градот Венжоу. На првиот воз, најверојатно запрен на мостот поради губење на струјата предизвикано од удар на гром, налетал вториот воз. Во сударот загинале повеќе од 31 лица, а најмалку 100 се хоспитализирани. Првиот воз патувал на линијата од Пекинг до пристанишниот град Фужу, а вториот од , Главниот град на провинцијата Жејианг, Хангжу исто така до Фужу.Кинеското министерство за железнички сообраќај нареди итни проверки на сите возови во земјата.Владата во Пекинг потроши милијарди долари за подобрување на железничката мрежа во најнаселената земја на светот. Меѓутоа градењето на големата мрежа од железнички линии беше проследено со серија скандали, во кои последните месеци има и инциденти поврзани со безбедноста. Три функционера годинава беа ставени под истрага поради корупција поврзано со кинеската железница. Во февруари од функцијата министер за железнички сообраќај беше сменет министерот Лиу Жијун, поради „сериозна дисциплинска повреда“. Тој раководеше со вложувањата во железничкиот сектор целата измината деценија.Железничките несреќи во Кина не се чести, а една од најголемите во последните години се случи во 2008 година, кога во судир на два воза загинаа 72 лица а 416 беа повредени.Кинеската железничка мрежа забрзано се гради и само оваа година се изградени 8.358 километри, а до крајот на идната година вкупно ќе треба да бидат изградени 13 илјади километри а до 2020 година мрежата да изнесува 16 илјади километри. Во април годинава беше отворена 1.300 километри долгата железничка линија меѓу Пекинг до Шангај чиешто градење чинеше 23 милијарди евра./крја/си/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.