Свет
Првиот официјален истополов брак во Њујорк го склучија баби
Две постари жени од државата Њујорк го склучија првиот истополов брак на северот од државата Њујорк, пренесува во неделата Reuters.
Две постари жени од државата Њујорк го склучија првиот истополов брак на северот од државата Њујорк, пренесува во неделата Reuters.Сенатот на американската држава Њујорк на 25-ти јуни го одобри законот со кој се легализираа хомосексуалните бракови. Така Њујорк стана шестата и најголема од сојузните држави во САД каде што се дозволени ваквите бракови. Предлог-законот беше поддржан од 33 сенатори на Њујорк а 29 беа против. Гувернерот Ендрју Куомо го потпиша законот, кој официјално стапува на сила утре на 25-ти јули. Меѓутоа, во договор со „младенците“, властите на Њујорк одлучија да започнат со регистрирањето бракови од ист пол ден порано – во неделата. Ламберт Кити и Шерил Руд, двете со повеќе од 50 години, повеќе од десет години чекале на ваквата одлука. Од претходните бракови, двете жени имаа пет возрасни деца. Покрај тоа, секоја од „невестите“ има и внуци. Церемонијата на венчавката се одржала на Нијагарините водопади, каде што се одржала и свадбената веселба осветлена со боите на виножитото, што го симболизира знамето на движењето ЛГБТ. На свадбената церемонија присуствувале неколку стотици гости. Браковите меѓу лица од ист пол во САД се законски и во американската сојузна држава Масачусетс (каде што во 2004 година е склучен првиот истополен брак во американската историја), како и во сојузните држави Конектикат, Ајова, Њу Хемпшир, Вермонт и Дистриктот Колумбија. Исто така, бракови од ист пол се легализирани и во Холандија, Белгија, Шпанија, Канада, Јужна Африка, Норвешка, Шведска, Португалија и Исланд. Правни форми на „хомосексуална заедница“ уште постојат во 20 земји во светот./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.