Свет
Преглед на печат / Свет
„Њујорк Тајмс“ (САД) – „Партиите се подготвуваат за пресметка, Обама предупредува за криза“ е насловот на текстот, во кој весникот пренесува дека во понеделникот американските демократи и републиканци се подготвувале за судир
„Њујорк Тајмс“ (САД)
„Партиите се подготвуваат за пресметка, Обама предупредува за криза“ е насловот на текстот, во кој весникот пренесува дека во понеделникот американските демократи и републиканци се подготвувале за судир врз основа на спротивставените планови за кратење на трошоците и кревање на доничкиот лимит како решение на се поинтензивната криза на само една недела пред можниот федерален банкрот. Лидерите на мнозинствата во Претставничкиот дом и во Сенатот сметаат дека, со оглед на притисокот од претседателот, кој се обидува да ги искористи своите моќи за да ги присили партиите на договор, гласањето би можело да се случи веќе во среда. „Гардијан“ (Велика Британија)
Десничарскиот екстремист, кој ги призна масовните убиства во Норвешка во понеделникот пред судот се фалеше дека постојат уште две ќелии од неговата терористичка мрежа кои се уште се на слобода, пренесува весникот во текстот со наслов „Пркосен до крај, Бревик се фали дека уште ќе умираат“. Неговото признание, се вели натаму во текстот, поттикнало меѓународна потрага по можните соработници, а и повеќе експерти велат дека е можно тој да не дејствувал сам. „Чајна дејли“ (Кина)
Армиите на САд и на Кина остануваат поделени по многу сериозни прашања, како што е продажбата на оружје на Тајван, споровите околу Јужнокиенското море и американските поморски изведувачки мисии во области кои Кина ги смета за ексклузивно свои територии, пишува весникот во текстот со наслов „Мулен зборуваше за застој во воените односи“. Американскиот адмирал Мулен, се вели натаму во текстот, презеле „здрави чекори“ преку дискусиите помеѓу него и чен Бингде, началник на генералштабот на Народната армија на Кина во мај, во текот на посетата на Чен на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.