Свет
Откриена подморница полна со кокаин во близина на брегот на Хондурас
Властите на Хондурас открија 2,5 тони кокаин во импровизирана подморница во близина на брегот на оваа карипска земја, изјави шефот на претседателската гарда Рене Осорио.
Властите на Хондурас открија 2,5 тони кокаин во импровизирана подморница во близина на брегот на оваа карипска земја, изјави шефот на претседателската гарда Рене Осорио.Тој рече дека властите веруваат дека во тоа пловило налик на подморница се наоѓаат вкупно пет тони кокаин.Пет членови на екипажот се приведени.Подморницата пловела 15 метри под површината на водата, кога екипажот се обидувал да го потопи.Осорио рече дека на нуркачите ќе им требаат уште два дена да го извлечат целиот кокаин.Патрола на американската крајбрежна стража го откри ова пловило во средата во близина на ретко населена област, крај границата со Никарагва. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.