Свет
Израелските сили убија двајца Палестинци на Западниот брег
Двајца Палестинци се убиени од израелски војници во бегалскиот камп Каландиа, на окупираниот Западен брег, соопштија палестински официјални лица
Претставници на палестинските безбедносни сили и медицински служби, во понеделникот соопштија дека во понеделникот рече дека 23-годишниот Мортесен Адван и 22-годишниот Али Халифа биле убиени во текот на ноќта, пренесува AFP.Престрелката се случила откако група Палестинци фрлале камења кон израелските војници кои преземале акција на апсења во бегалскиот камп Каландиа, кој се наоѓа на патот од Рамалах кон Источен Ал- Кудс (Ерусалим).Жртвите во понеделникот наутро биле однесени во болницата во Рамалах. Еден од нив бил застрелан во главата и починал веднаш, а вториот кој бил застрелан во стомакот, починал подоцна.Во петокот, петнаесет Палестинци беа повредени во обидот на израелските војници да ги разбијат демонстрантите кои бараа отворање на главниот влез на селото Кафр Кадум во во северниот дел на Западниот брег.Израел го смета Ерусалим (Ал-Кудс,- арапски) за своја „вечна и неделива“ престолнина и го анектираше при запоседнувањето на Западниот брег во војната од 1967 година, вклучивајќи го и источен Ерусалим, кој Палестинците го сметаат за главен град на нивната идна држава.Последните поголеми судири меѓу Израелците и Палестинците се одиграа во ноември 2009 година, кога израелската армија изврши офанзива со кодно име „Лиено Олово“ во Појасот Газа, како реакција на ракетирањата од оваа палестинска енклава врз израелските територии. Во офанзивата што траеше три седмици, загинаа повеќе од 1.400 Палестинци, и тринаесет Израелци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка и направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела, во Универзитетската болница Буловка во Прага 8, дошло до забуна кај лекарите околу две жени кои не биле од Прага, а тоа пак резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка и направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онџеј Јакоб во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми и двете пациентки биле странски државјани кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.
Свет
„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.
„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја поради што понекогаш се појавуваат разни бројки за американската помош за Киев.