Свет
Египетската влада нареди Мубарак да се врати во Каиро
Египетскиот министер за внатрешни работи нареди бившиот претседател Хосни Мубарак да се пренесе од Шарм ел Шеик во Каиро за да може да го продолжи судењето кое почнува денеска, пишуваат египетските весници.
Египетскиот министер за внатрешни работи нареди бившиот претседател Хосни Мубарак да се пренесе од Шарм ел Шеик во Каиро за да може да го продолжи судењето кое почнува денеска, пишуваат египетските весници.Хосни Мубарак под притисок на властите мораше на 11 февруари. Постапката на која ќе му се суди нему и на синовите Алау и Џамалу, на поранешниот министер за внатрешни работи Хабиби ал Адлију и уште на шестмина службеници ќе почне денеска.Хосни Мубарак е осуден за корупција и убиство, во притвор е во болница во Шарм ел Шеик.Сè уште не се знае дали докторите кои тврдат дека е многу слаб ќе му дозволат да патува.Според официјалните податоци, во востанието против режимот на Мубарак во јануари и февруари загинаа речиси 850 луѓе. /крај/хина/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Нашата армија не ги закопа Палестинците во масовна гробница во Газа
Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти израелската амбасада во Женева.
„Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано“, соопшти амбасадата.
„Војниците само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место“, се додава во соопштението.
„Прегледот беше извршен внимателно и исклучиво на места каде разузнавачките информации укажуваа на можно присуство на заложници“, соопшти амбасадата.
Палестинскиот тим за цивилна одбрана во Газа извести дека масовна гробница со 283 тела била откриена во близина на болницата Насер во градот Кан Јунис на југот од енклавата.
Според канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, кој ја повика цивилната одбрана, на некои тела им биле врзани рацете.
Свет
Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј
Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти Канцеларијата за тајвански работи на кинеското Министерство за надворешни работи.
Пекинг ги повика САД да ја исполнат својата обврска да не ја поддржуваат независноста на кинескиот регион Тајван, како и да прекинат со секаков вид негово вооружување, рече портпаролот на Канцеларијата.
Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и кинескиот регион Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.
Свет
Стотици мртви во масовни гробници во Газа, меѓу нив жени и стари лица, некои со врзани раце
Палестинските тимови за цивилна заштита започнаа со ексхумација на тела од масовна гробница пред болничкиот комплекс Насер во Кан Јунис минатата недела, откако израелските трупи се повлекоа. Вкупно 310 тела се пронајдени во изминатата недела, од кои 35 пред два дена, соопштија палестинските власти.
„Чувствуваме потреба да алармираме бидејќи се откриени повеќе тела“, рече Равина Шамдасани, портпаролка на Високиот комесаријат за човекови права на ОН. Таа ги опишала телата „закопани длабоко во земјата и покриени со ѓубре“, додавајќи дека „меѓу загинатите наводно има постари лица, жени и ранети“, меѓу кои и некои кои биле врзани и без облека, пишува Гардијан.
„На некои од нив им беа врзани рацете, што секако укажува на сериозни прекршувања на меѓународното право за човекови права и меѓународното хуманитарно право и тие треба да бидат подложени на дополнителни истраги“, рече таа.
Палестинските спасувачки тимови и неколку набљудувачки мисии на ОН, исто така, известија за откривање на повеќе места за масовни гробници во болничкиот комплекс Шифа во градот Газа претходно овој месец, откако израелските копнени трупи се повлекоа по продолжената опсада.
Лекарите кои работат за Лекари без граници опишаа дека израелските сили ја нападнале болницата Насер кон крајот на јануари, пред да се повлечат еден месец подоцна, оставајќи ја установата неспособна да функционира.
Спасувачите продолжуваат да копаат низ песочната почва за да ги ексхумираат телата надвор од болницата. Официјални лица во Газа изјавија дека телата во Насер се на луѓе кои загинале за време на опсадата. Израелската армија во вторникот ги негираше тврдењата за масовни погребувања во болницата.
Израел постојано го обвинува Хамас дека работи во болници и ја користи медицинската инфраструктура како штит, што Хамас го негира. Шефот за права на ОН, исто така, го осуди зголемениот број на израелски воздушни напади што го зафатија северниот, централниот и јужниот дел на Газа во последните денови, вклучително и поморски артилериски оган што погоди згради долж источниот брег на Газа.