Свет
Франција ќе и го испорача Нориега на Панама
Франција го извести поранешен диктатор на Панама, мануел Нориега, дека ќе и биде испорачан на Панама, каде што го очекува казна затвор од 20 години заради злосторства против човештвото, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Франција го извести поранешен диктатор на Панама, мануел Нориега, дека ќе и биде испорачан на Панама, каде што го очекува казна затвор од 20 години заради злосторства против човештвото, соопшти француското Министерство за надворешни работи. Нориега, кој се наоѓа во француски затвор од 2010 година, сега има рок од еден месец да поднесе жалба против одлуката за екстрадиција. Неговите адвокати засега велат дека 77-годишниот поранешен диктатор сака да се врати во својата земја. Тој во Панама во отсуство е осуден на 20 години затвор, па по враќањето во татковината веднаш ќе биде ставен зад решетки. . Нориега веќе мина 20 години во затвор во САД заради трговија со дрога и перење на пари, по што во 1999 година и беше испорачан на Франција, каде што одлежа седум години затвор заради перење на пари. Во Панама, каде што е осуден и за злодела против човештвото и за повеќе убиства, законот на лицата постари од 70 години им овозможува служење на казната во домашен притвор. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.