Свет
Синот на Гадафи склучил пакт со исламистичките бунтовници
Синот на либискиот полковник Моамер Гадафи изјави дека неговата фамилија влегла во сојуз со исламистичките бунтовници за да ја протера секуларната опозиција која се противи на 40-годишното владеење на неговиот татко.
Синот на либискиот полковник Моамер Гадафи изјави дека неговата фамилија влегла во сојуз со исламистичките бунтовници за да ја протера секуларната опозиција која се противи на 40-годишното владеење на неговиот татко.
Сеиф ал-Ислам Гадафи кој заедно со својот татко ја претстави цела опозиција како радикално исламистичка, за Њујорк тајмс изјави: „Либералите или ќе побегнат или ќе бидат убиени. Ќе го направиме тоа заедно“.
„Либија ќе биде како Саудиска Арабија или Иран. Па што?“, додава тој.
Сеиф на кој улогата му беше да служи како западно лице на режимот, бидејќи се појавуваше во костуми и вратоврски и добро зборува англиски, на интервјуто дошол со долга брада во традиционална облека, држејќи во рацете бројаница.
Тој тврди дека преговарал со Али Салаби, еден од водечките исламистички бунтовници на истокот од земјата. Салаби потврди дека се сретнал со Сеиф но негира дека исламистите преминале на нивна страна.
Режимот на Гадафи долго време се обвинува за немирите на Ал Каеда и се претставуваа како бедем против исламистичкото превземање на оваа северно афричка земја богата со нафта.
Бунтовниците вклучуваат исламисти, но инсистираат на тоа да се обединети во обидот да се собори Гадафи од власт и да се воспостави демократија, пренесува АФП./крај/сх/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.