Свет
Жипе: Советот за безбедност може да донесе посилна изјава за Сирија
Советот за безбедност може да донесе посилна изјава против Сирија, доколку работите не се сменат на подобро, изјави во четвртокот францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе
Во средата навечер Советот за безбедност при Обединетите нации ги осуди сириските власти за употреба на сила против демонстрантите и ги повика сите страни во конфликтот да се воздржат од насилство. Овој апел беше изразена во форма на изјава на претседавачот на Советот за безбедност на ОН, и покрај тоа што некои западни земји се обидоа да издејствуваат пожестока реакција – усвојување на резолуцијата. Советот за безбедност, исто така, ги повика властите на Сирија да ги спроведат претходно ветените политички реформи во земјата Според шефот на француската дипломатија, Ален Жипе, декларацијата предвидува можност Советот за безбедност да ја разгледа моменталната состојба во Сирија по седум дена. „Ако дотогаш ништо не се измени, Советот за безбедност би можел да одат понатаму во своите одлуки“, рече Жипе.Тој не ја отфрли можност Советот за безбедност да донесе нова, построга и принудуваќка декларацијата за Сирија. Приота Жипе истакна дека странска воена интервенција во Сирија не доаѓа предвид. Францускиот министер за надворешни работи, исто така, рече дека не го сфаќа сериозно декретот на сирискиот претседател Башар ал-Асад за стапување во сила на законот за основање и функционирање на политичките партии, со што се воспоставува повеќепартиски систем и се става крај на монополот што во политичкиот живот на земјата сé уште го има владејачката партија Арапско социјалистичко возраѓање – Баат.Жипе изјави дека за него тоа претставува „речиси провокација“, бидејќи од властите во Сирија се очекува не да даваат соопштенија, туку итно да го запрат насилството против цивилното население.Претседателот на Сирија, Башар ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.