Свет
Израел ќе ги проширува еврејските населби на Западниот брег
Израел се обидува да се справи со недостигот од простор за домување на окупираните палестински територии со проширување на доселеничките населби на Западниот брег.
Израел се обидува да се справи со недостигот од простор за домување на окупираните палестински територии со проширување на доселеничките населби на Западниот брег. Четириесет и двајца членови на Кнесетот (израелскиот парламент) потпишаа петиција за проширување на населбите на окупираниот Западен брег, вклучувајќи го и источен Ерусалим. „Ова докажува дека Израел мисли само на својата експанзија, конфискација на земјиштето и изградба на населбите. Тие не размислуваат за мир“, реагираше Валид Асаф, член на палестинскиот Законодавен совет (PLC). Во средата, стотици израелски демонстранти излегоа на улиците да протестираат против одобрувањето на станбениот закон, затоа што според нив со него очигледно не ќе може да се реши станбената криза во Израел. Тие сметаат дека новиот закон само ќе оди во полза на богатите, преку поттикнување големи проекти за изгради на луксузни објекти, наместо доделување на станови. Законот за домување ќе овозможи брзо одобрение на планови за 50 илјади станбени единици од специјалната комисија со цел да се зголеми понудата и да се соборат цените на станбениот квадрат. Повеќето Израелци, исто така, се противат на скапиот живот. Тие бараат од израелските власти доделување станови, реформи во оданочувањето, детската заштита и реформи во здравството и образованието.Демонстрантите соопштија дека ќе продолжат со нивната кампања против зголемувањето на животните трошоци сé додека нивните барања не бидат исполнети./крај/птв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.