Свет
Американски војници убиле дете и полицаец во Ирак
Локалните ирачки власти соопштија дека американските сили во земјата се одговорни за смртта на едно дете и еден полицаец во провинцијата Салахудин, северно Багдад
Официјални лица изјавија дека двете жртви биле убиени во очигледна заблуда при рација. Кaко што јавува дописникот на Press TV од Ирак, целта за операцијата на американските војници и детали за инцидентот ирачктие власти засега не ги соопштуваат Во текот на инвазијата на меѓународните сили предводени од САД која почна од 2003 година досега во Ирак од насилна смрт загинаа повеќе од милион луѓе, покажува студијат на британската истражувачка агенција Opinion Research Business (ORB).Вашингтон и понатаму, продолжува да врши притисок врз Багдад да го продолжи американското воено присуство во Ирак. Некои информации на светските агенции сугерираат дека и покрај големото противење на опозицијата, високи ирачки политичари се согласиле да преговараат за обучувачка мисија на американската војска обука мисија во обид да се прошири престојот на војниците на САД во Ирак и по 2011 година кога истекува крајниот рок кога тие треба да ја напуштат земјата.Според Договорот за статусот на силите (SOFA) од 2008 година, Вашингтон е должен да ги повлече своите сили од Ирак од крајот на 2011 година. Според договорот, исто така, САД ги завршија своите борбени операции во Ирак во август 2010 година.И покрај инсистирањето на Американците дека не се ангажираат во борбени операции во Ирак, арапските медиуми истакнуваат дека има бројни случаи кога американските војници се ангажирани во воените дејствија во Ирак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.