Свет
Нови 22 жртви меѓу демонстранти во Сирија
Бројот на жртвите од судирите во петокот меѓу безбедносните сили и демонстрантите во Сирија достигна 22 лица, пренесува Agence France-Presse во саботата повикувајќи се првиот човек на сириската лига за заштита на човековите права, Абдел-Карим Риау.
Бројот на жртвите од судирите во петокот меѓу безбедносните сили и демонстрантите во Сирија достигна 22 лица, пренесува Agence France-Presse во саботата повикувајќи се првиот човек на сириската лига за заштита на човековите права, Абдел-Карим Риау.„Дваесет и две лица беа убиени во петокот, 15 од нив за време на демонстрации во текот на денот, а седум во текот на ноќта, по вечерната молитва“, изјави за агенцијата Абдел-Карим Риау.Информации за загинати се добиени од градовите Дамаск, Хомс, Нави, Ирбин и ДумПретходно беше соопштено за десет загинати лица и за голем број повредени откако безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите во близина на престолнината Дамаск и во градот Хомс.Во петокот, по традиционалната молитва, илјадници Сиријци излегоа на улиците во знак на протест против владејачкиот режим.Сириските власти и натаму тврдат дека бунтот од 15-ти март го почнале „вооружени терористички банди кои се надвор од земјата“ и дека во судирите со нив досега се убиени повеќе од 340 припадници на сириската полиција и на војската. Опозицијата во Сирија тврди дека од почетокот на протестите во Сирија се убиени 1.800 луѓе, а повеќе илјади луѓе ја напуштија Сирија, покажуваат податоците на невладините организации. Притоа 3.000 лица се водат како исчезнати, додека 12.000 се уапсени од март, кога почнаа протестите против сирискиот претседател Башар ал Асад.Бунтот во Сирија започна во средината на март, откако во пограничниот град со Јордан, Дера’a беше уапсена група ученици кои испишувале анти-владини слогани по ѕидовите. Жителите на градот масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна протести се одржаа и во неколку други региони на земјата, особено во градовите Латакија, Баниас, Хомс, Хама и во некои предградија од главниот град Дамаск.Асад се обиде да ги смири демонстрантите, укинувајќи ја 50-годишната вонредна состојба, но апсењата без налог продолжија и покрај укинувањето на таквиот закон. Протестите во Сирија продолжуват и покрај тоа што сириските власти објавија план за реформи, меѓу кои беше и укинувањето на воената состојба од страна на претседателот Башар ел-Асад од кого се бара итна оставка, воведена во 1963 г.На почетокот од седмицата. претседателот ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.