Свет
Сомалиските војници убија 28 човек во немирите за храна
Најмалку 28 прегладнети сомалиски цивили се убиени откако регуларните сили на Преодната федерална влада отворија оган врз нив, кога двете групи се судрија при нивниот обид да дојдат до храната што ја дистрибуираат волонтери на Обединетите нации во сомалиската престолнина Могадишу
Хаосот при диструбуција на хуманитарната помош започна во петокот кога владини војници се обиделе да присвојат дел од 290 тони пченкарни оброци кои хуманитарни работници се обидуваа да ги дистрибуираат до бегалскиот камп Бадбадо, во близина на Могадишу.На обидот на војниците да дојдат до храната се идентично одговориле и бегалците, поради што војниците отвориле оган, соопштија очевидци за Press TV. Единаесет лица загинале на местото на судирот а 30 други биле ранети, а 17 од нив подоцна подлегнале на повредите.„Тоа беше масакр. Тие безмилосно стрелаа врз сите. Мртвите тела долго беа оставени да лежат на земјата“, изјави Абди Авале Нор, кој е сместен во кампот Бадбадо.Во средата, Обединетите нации прогласија три нови региони во Сомалија за зони во кои владее глад, со што вкупниот број на погодените региони достигна пет.Обединетите нации проценуваат дека 3,2 милиони Сомалијци имаат потреба од итна помош во храна за да се спасат нивните животи.Хуманитарните здруженија проценуваат дека илјадници луѓе секојдневно доаѓаат во главниот град на Сомалија каде резервите од храна веќе се исцрпени. Поради тоа, како што се наведува од страна на хуманитарната организација на Обединетите нации, се создаваат големи немири и кражби на храната. Според тоа, најслабите и најчувствителните групи од погоденото население остануваат без основните животни продукти.Сушата на Рогот од Африка, најголемата во последните шест децении, веќе однесе десетици илјади животи и им се заканува на 12 милиони луѓе во Сомалија, Кенија, Етиопија, Џибути, Судан и Уганда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.