Свет
Намалување на рејтингот на САД ја поевтини нафтата
Цената на нафтата на берзата во Њујорк денеска осетно се намали, како реакција на веста за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД.
Цената на нафтата на берзата во Њујорк денеска осетно се намали, како реакција на веста за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД.
Во 13,20 часот по Гринич на пазарот во Њујорк лесната сурова нафта со испорака за септември се тргува за 83,56 долари или 3,32 долари помалку во однос на петокот.
“Намалувањето на рејтингот и коментарите на Стандард енд Пурс покажуваат дека САД може да имаат тешкотии во плаќањето на своите сметки, а тоа може да доведе до континуирано намалување на државните трошоци и до забавување на економијата. И две работи водат до помалку пoбарување на нафта “, изјави Енди Липоу од Липоу оил Асошијетс.
Рејтинг агенцијата Стандард енд Пурс во петокот соопшти дека на водечката економија во светот го намалила кредитниот рејтинг од ААА на АА +. Тоа покажа негативно влијание врз слабото зголемување на цената на нафтата за 25 центи на крајот на минатата недела поради податоците за невработеноста во САД, кои не беа толку лоши, колку што се очекуваше.
“Пазарот очекува значително послаб раст во иднина и можеби дури и пад на побарувачката во САД, водечки корисник на црното злато во светот“, изјави Липоу. Според аналитичарите од Џеј Пи Морган Чејс намалувањето на рејтингот не е изненадување, бидејќи пазарите го очекувале тоа уште пред неколку недели.
Цената на нафтата се намали на 82,52 долари, што е најниско ниво од ноември. Сите пазари на суровини беа тешко погодени со исклучок на пазарот на хартии од метали. Цената на унца злато достигна нов историски врв денеска од над 1.700 долари./крај/бг/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.