Свет
Цистерна со нафта на НАТО запалена во Пакистан
Милитанти поврзани со талибаните во средата запалиле цистерна со која се транспортирала нафта за потребите на американскиот контингент во рамките на НАТО во соседен Авганистан, објавија локалните власти.
Милитанти поврзани со талибаните во средата запалиле цистерна со која се транспортирала нафта за потребите на американскиот контингент во рамките на НАТО во соседен Авганистан, објавија локалните власти.Инцидентот се случил во близина на источниот град Саргода во провинцијата на пакистански Пенџаб, јави дописникот на Press TV.Официјални лица за телевизијата изјавиле дека напаѓачите рано утринава прво отвориле оган врз цистерната на НАТО, а потоа ја оставиле запалена во близина на селото Хармоли Мор. Цистерната целосно изгорела, но нема пријавено човечки жртви од инцидентотЦистерната на НАТО патувала во конвој за Кандахар во Авганистан, и овој инцидент се вбројува во честите слични кои се извршуваат на територијата на Пакистан преку кој минува сувоземниот коридор за снабдување на меѓународните сили во соседната земја. За овие напади одговорноста ја преземаат про-талибанските милитанти кои велат дека тоа е одмазда за тоа нападите на американските беспилотни летала врз племенските погранични региони на Пакистан. Во еден од тие напади утринава во близина на градот Мираншах во провинцијата Северен Вазиристан, беа убиени 21 лице за кои пакистанските разузнавачи сметаат дека се исламистички бунтовници, талибани, но и странски платеници од арапските земји и од Узбекистан./крај/твп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.