Свет
Англија: прегазени тројца муслимани по излегување од џамија
Британската полиција покрена истрага во врска со убиството на тројца пешаци, кое се случи синоќа во Бирмингем.
Британската полиција покрена истрага во врска со убиството на тројца пешаци, кое се случи синоќа во Бирмингем. Пешаците ги прегазил автомобил, по што возачот избегал од местото на несреќата. Набргу по инцидентот полицијата го пронашла автомобилот и го уапсила возачот. Не е познато дали смртта на тројцата пешаци има врска со нередите кои веќе четири дена ја тресат Англија, но се претпоставува дека тројцата мажи излегувале од џамија и тргнале во патрола како би ја заштитиле својата заедница од нередите, пишува БиБиСи. Пред болницата во која биле донесени многу бргу се собрале околу 200 Азијати од нивната заедница, а полицијата морала да го блокира влезот.„Полицијата покрена истрага во врска со убиството и уапси еден човек кој се поврзува со инцидентот. Го пронајдовме автомобилот со кои е сторен злочинот и го испративме на форензичка анализа“, рече портпаролот на Вест Мидланс Полис. крај/dnevni avaz/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.