Свет
Сириската полиција отвори оган врз верници во градот Дејир ал-Зор
Сириските безбедносни сили отворија оган врз муслимански верници кои се собрале на молитви во петокот во џамијата „Ал-Aрафах“ во градот Деир ал-Зор, пренесуваат арапските медиуми
Според последните информации, полицијата се обидувала да спречи молитвата да прерасне во анти-владини демонстрации. За последиците и жртви од оваа „превентивна акција“ нема податоци. Сличен метод за спречување на масовни антивладини протести,сириската полиција започна веднаш по петочните богослужби и во други градови Сирија. Според опозицискиот „Координициски комитет на сириската револуција“, во градот Хомс полицијата отворила оган неселективно врз луѓе кои излегувале од џамијата „Каба“ при што најмалку едно лице е убиено а двајца се ранети, во градот Ал-Азикија сириските безбедносни сили го блокирале двете најголеми градски џамии недозволувајќи им на верниците да го минат кордонот. Во градот Алепо, владини војници убиле две лица, а на почетокот од масовните демонстрации во предградие на главниот град Дамаск, во областа Харист при растерување на масата демонстранти бил убиен еден од учесниците на митингот. Во провинцијата Идлиб, во слични околности неколку Сиријците се здобиле со прострелни рани. Според странските агенции, најжестоки се судирите во Хомс и на бреговите на Хама во централна Сирија, во Деир ал-Зор во источниот дел од земјата и во Идлиб во близина на турската граница. Владините сили ги опколиле и сите џамии во Хама и на секои 200 метри воспоставиле контролни пунктови. Претходно беше објавено дека опозицијата сили во земјата за во петок го планираат одржувањето на новиот национален протест против режимот на претседателот Башар ал-Асад. Најавените протести на национално ниво требаше да се одржат под мотото „Пред никого, освен пред Бог, нема да клекнеме на колена“. Според организаторите, со ова требаше да се потврди „решителната желба на сирискиот народ да продолжат со протестите до воспоставувањето на целосна слобода и достоинството на сирискиот народ“.Сириските власти ја забранија работата на повеќето странски медиуми кои информации добиваат од очевидци и учесници на протестите, а исто така многу е ограничена работата и на домашните медиуми, што оневозможува да се добијат независни потврди за ситуацијата на теренот. Владата во Дамаск крвопролевањата ги оправдува дека станува збор за нејзино справување со групи криминалци и терористички групи кои се уфрлени од странство за да ги поттикнуваат безредијата.Во големата акција на апсења на продемократските активисти, сириските власти го уапсија Абдул Карим Рихави, лидерот на сириската Лига за човекови права. Него додека во кафуле во Дамаск давал интервју заедно со новинарот го привеле припадниците на безбедносните сили Франција во петокот остро го осуди апсењето на Рихави, и бара негово неодложно ослободување. Во соопштението на француското министерство за надворешни работи се додава дека тоа е потег кој е противен на очекувањата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.